ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/6 стр. 32
  • Кој ќе му стави крај на насилството?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој ќе му стави крај на насилството?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/6 стр. 32

Кој ќе му стави крај на насилството?

ВО СЕПТЕМВРИ 1999, генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, им изрази добредојде на делегатите на 54-тата годишна сесија на Генералното собрание. Како што извести The Toronto Star, тој на светските лидери им наметнал предизвик, наведувајќи: „На голем број народи им е потребно повеќе отколку само зборови на сочувство од меѓународната заедница. Потребен им е еден вистински и траен договор кој ќе помогне да се стави крај на нивните циклуси на насилство, и да се доведат на сигурен премин кон просперитет“.

Дали ООН и нејзините нации членки можат да обезбедат „вистински и траен договор“ кој е потребен за да се стави крај на насилството? Во истиот извештај на Star е цитиран претседателот на САД, Бил Клинтон, кој рекол: „После сето крвопролевање од овој век, знаеме дека е лесно да се рече ‚никогаш повеќе‘, но многу потешко е да се направи тоа“. Тој додал: „Преголемото ветување може да биде исто толку сурово колку и премалата грижа“.

Пред повеќе од 2.500 години, пророкот Јеремија за човечките напори рекол: „Знам, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои“ (Јеремија 10:23). Тогаш, каква надеж постои дека ќе се стави крај на насилството?

Како што читаме во Исаија 60:18, Бог ја дал следнава гаранција: „Нема повеќе да се слуша за насилство во земјата твоја, ниту опустошување и разурнување — во пределите твои“. Првобитното исполнување на ова пророштво било кога Бог го вратил својот изгнан народ во татковината. Исто така, ова има и поголемо исполнување во кое можеме да имаме удел. Јехова Бог не ‚ветува премногу‘. Како Севишен и Творец на човештвото, тој е во најдобра положба да им стави крај на „циклусите на насилство“. Под Божјето Царство ќе преовладува мир. Насилството ќе исчезне засекогаш! (Даниил 2:44).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели