Давање кое е скапоцено во Јеховините очи
Канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Мозамбик го доби следново писмо:
„Јас сум седумгодишно момче. Сѐ уште одам во основно училиште. Ви ги испраќам париве кои ги спечалив од тоа што одгледав едно пиленце. Го продадов за 12.000 метикли [1 американски долар]. Му благодарам на Јехова што првото пиленце кое го одгледав стана петел. Би сакал мојот подарок да се употреби за делото на Јеховиното Царство.
P.S. Во пишувањето на писмово ми помогна татко ми“.
Некои луѓе ја поврзуваат великодушноста со оние кои имаат вишок на материјални работи. Меѓутоа, кога го читаме библискиот извештај за вдовицата која во ковчегот за прилози пуштила „две парички од многу мала вредност“ (NW), можеме да сфатиме дека великодушноста не се мери според квантитетот, туку според исправната склоност на срцето (Лука 21:1—4).
Јехова го цени секој дар, без разлика колку е мал, ако потекнува од срце мотивирано од љубов. И тој богато ги благословува оние кои ја имитираат неговата великодушност со тоа што го даваат своето време, енергија или материјални средства во корист на неговото Царство (Матеј 6:33; Евреите 6:10).