Најуспешна година во дистрибуција на Библијата
ДЕНЕС Библија поседуваат повеќе луѓе од кога и да е порано. На тоа укажува еден извештај од United Bible Societies, бидејќи дистрибуцијата на Библијата во 1998 година порасна за половина милион повеќе од претходната година. Сѐ на сѐ, ширум Земјината топка беа дистрибуирани повеќе од 585.000.000 Библии — во целина или делови од неа. „Ова е причина за охрабрување“, вели извештајот. „Денес повеќе луѓе се достигнати со речта Божја.“
Секако, постои разлика меѓу тоа да се поседува Библија и да се чита Библија. На пример, една анкета открила дека повеќе од 90 проценти од Американците поседуваат барем една Библија, и исто толкав број веруваат дека Библијата е добар извор на морална поука. Меѓутоа, само 59 проценти рекле дека се обраќаат за совет во Библијата. Дваесет и девет проценти, пак, признале дека или „не се многу“ или дека „воопшто не се“ запознати со Библијата.
Јеховините сведоци не само што печатат и дистрибуираат Библии, туку водат и бесплатни домашни библиски студии со луѓето во повеќе од 230 земји. Милиони лица ширум светот сега извлекуваат корист од оваа библиска образовна програма. Ним им се помага да излезат на крај со проблемите со кои се соочуваат сега, и тие учат што вели Библијата за една светла иднина под Божјето царство (Исаија 48:17, 18; Матеј 6:9, 10).
[Слики на страница 32]
Домашни библиски студии во (во правец на стрелката на часовникот) Боливија, Гана, Шри Ланка и Англија