ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 15/8 стр. 32
  • „Ако солта ја изгуби силата“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ако солта ја изгуби силата“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 15/8 стр. 32

„Ако солта ја изгуби силата“

ЗАРАДИ неа се воделе војни. Била користена како средство за размена. Во древна Кина била втора по вредност, веднаш после златото. Да, човештвото долго време ја сметало солта за артикал со висока вредност. До ден-денес ѝ се припишуваат лековити и антисептични својства, а ширум Земјината топка се користи за подобрување на вкусот и како конзерванс.

Со оглед на многуте пожелни особини и употреба на солта, не изненадува тоа што таа во Библијата се користи во фигуративна смисла. На пример, според Мозаитскиот закон сѐ што му се принесувало на Јехова на олтарот, морало да се посоли (3. Мојсеева 2:13). Тоа не се правело за да се подобри вкусот на жртвите туку веројатно бидејќи солта претставува слобода од расипаност или распаѓање.

Во својата прочуена Проповед на гората, Исус Христос на своите следбеници им рекол: „Вие сте солта на земјата“ (Матеј 5:13). Со оваа изјава, Исус укажал дека нивното проповедање на другите за Божјето Царство може да има заштитно, т. е. животоспасувачко влијание врз нивните слушатели. Навистина, оние кои ги применувале Исусовите зборови ќе биле заштитени од моралното и духовното распаѓање во средината каде што живееле и служеле (1. Петрово 4:1—3).

Меѓутоа, Исус понатаму го дал следново предупредување: „Но, ако солта ја изгуби силата . . . таа веќе за ништо не е, освен да се фрли надвор и да се изгази од луѓето“. Коментирајќи за ова, библичарот Алберт Барнс рекол дека солта која им била позната на Исус и на неговите апостоли „била нечиста, измешана со растителни супстанции и супстанции од почвата“. Значи, ако таа ја изгубела својата соленост, можела да остане „голема количина почвена материја“. „Ова“, забележал Барнс, „не било за ништо друго освен . . . да се посипат патчињата, т. е. патеките, онака како што ние користиме чакал.“

Додека внимаваат на ова предупредување, христијаните треба да водат сметка да не престанат со своето јавно сведочење ниту, пак, да се вратат на безбожните обрасци на однесување. Во спротивно, духовно би се расипале и би можеле да станат бескорисни, како ‚сол која ја изгубила силата‘.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели