Расизмот и религијата
„КОГА во 1978 дојдов во САД, верував дека Америка одамна ги има решено своите расни проблеми и дека црнците се еднакви граѓани“, рекол Марк Матхабане, автор роден во Јужна Африка, во едно интервју за списанието Time. „Увидов дека во многу погледи тоа е вистина. Изгледаше дека САД се сто години пред Јужна Африка. Потоа, на мој ужас, открив дека во срцата на луѓето работите не се промениле многу.“ Што го довело до тоа потресно откритие?
„Еден од најподелените саати во Америка е 11.00 часот в недела“, рекол Матхабане. Тој забележал дека дури и во црквата, луѓето не можат да се натераат себеси да се придружат во обожавањето со луѓе од друга раса. „Какви чувства имаат во другите денови од седмицата?“ — прашал тој. Барајќи образование како катализатор за промена, Матхабане рекол: „Со образованието сте наведени да ја прифатите универзалноста на човечките битија“.
Јеховините сведоци се сложуваат дека образованието е одговор, но особено го препорачуваат образованието кое се темели на Божјата реч. Да, Библијата им помага да ги скршат бариерите на расните предрасуди — дури и во земјите каде што етничката омраза е надвор од контрола. Во нивните Сали на Царството секоја седмица се собираат луѓе од различни раси и националности за да бидат школувани за законите и начелата на Божјата реч, Библијата. На овие состаноци не се земаат прилози. Вашето присуство е добредојдено!