Да си задржиме добро име
ГРИЖЛИВОТО проучување на некоја прекрасна слика може да биде едно вредно искуство. Ако внимателно се погледне, може да се забележи дека уметникот направил стотици потези со четка за да стави различни пигменти на сликарското платно.
На сличен начин, доброто име се стекнува, не со еден широк потез со четка, така да се каже, туку со многу ситни постапки низ еден временски период. Да, нашата репутација се изградува малку по малку преку делата кои ги вршиме.
Од друга страна, пак, само еден погрешен потез со четката, може да ја обезвредни сликата. Така е и со нашето име. Мудриот цар Соломон рекол: „Глупоста на човекот му го искривува патот“ (Изреки 19:3). Сѐ што е потребно за да се оцрни добрата репутација, е една мала таканаречена глупост — можеби насилен излив на гнев, неумерено препуштање на алкохолни пијалаци или еден сексуално нечист чин (Изреки 6:32; 14:17, NW; 20:1). Тогаш, колку само е животоважно да настојуваме да стекнеме добро име и ревносно да работиме на тоа да го задржиме. (Спореди Откровение 3:5.)