ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 1/5 стр. 32
  • Победа над злото

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Победа над злото
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 1/5 стр. 32

Победа над злото

„ЗОШТО овој мртов пес зборува лошо за господарот мој, за царот? Ќе одам и ќе му ја симнам [скинам, NW] главата.“ Ова барање било на Авеса, еден израелски војсководец. Тој вака луто реагирал кога чул како неговиот господар, цар Давид, бил со омраза навредуван од еден човек од Венијаминовото племе, по име Симеј (2. Царства 16:5—9).

Авеса подлегнал на една филозофија која денес е општо прифатена — начелото за борба заб за заб. Да, Авеса сакал да предизвика Симеј да страда заради навредите со кои го опсипал Давид.

Но, каква била реакцијата на Давид? Тој го задржувал Авеса, велејќи: ‚Остави го‘. Иако не бил виновен за обвиненијата од страна на Симеј, Давид понизно се спротивставил на искушението да возврати со иста мера. Наместо тоа, ја оставил работата во Јеховини раце (2. Царства 16:10—13).

Кога после бегството од неуспешниот бунт на својот син, Давид се вратил на престолот, меѓу првите кои го поздравиле и побарале простување бил Симеј. Авеса повторно сакал да го убие, но Давид повторно не дозволил (2. Царства 19:15—23).

Во овој пример, Давид се покажал како веродостојна слика на Исус Христос за кого апостол Петар напишал: „Кога на Него хулеа, Он не им одвраќаше со хули . . . туку се потпираше на Оној, Кој праведно суди“ (1. Петрово 2:23).

Христијаните денес се опоменати да бидат ‚понизни [во умот, NW]; да не враќаат зло за зло‘ (1. Петрово 3:8, 9). Следејќи го тој пат кој го поставиле Давид и Исус Христос, и ние можеме да ‚го победуваме злото со добро‘ (Римјаните 12:17—21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели