ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 1/3 стр. 32
  • Божјето име е вратено

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјето име е вратено
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 1/3 стр. 32

Божјето име е вратено

„ОТКАКО името Јехова беше многу години, а можеби и векови испуштано од Библиите, неговите современи сведоци се единствената христијанска религија која зазеде став и го врати тетраграматонот.“a

Горниве зборови се земени од книгата Jeová dentro do Judaísmo e do Cristianismo (Јехова во јудаизмот и христијанството), од бразилскиот писател Азис Бразил. Но, може да се постави прашањето: ‚Иако малку библиски преводи го користат божественото име во еден облик или во друг, зошто другите религии го испуштиле од своите Библии?‘ „Божјето име било отстрането“, вели Бразил, „или поради суеверие . . . задни мотиви или, пак, од желба да се возвиши името на Исус и на неговата мајка Марија.“

Меѓутоа, како што г-н Бразил со право истакнува, „испуштањето на името [божествено] било во целост исправено на португалски со New World Translation of the Holy Scriptures“. Како? Така што во таа Библија името Јехова е вратено на неговото исправно место. Во New World Translation името Јехова се појавува над 7.200 пати.

Од неговото прво издание, дистрибуирани се над шест и пол милиони примероци од овој современ, дословен превод на португалски јазик. Затоа, еден новинар кој пишувал за бразилскиот весник Diário do Nordeste, бил наведен да праша: „Дали сте знаеле дека Бог има име?“ Благодарение на овој современ библиски превод, милиони сега можат да одговорат: „Да. Божественото име е Јехова“.

[Фуснота]

a Во хебрејскиот јазик Божјето име се пишува יהוה. Овие четири букви (кои се читаат оддесно налево) обично се нарекуваат тетраграматон.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели