Љубов која е посилна од мајчината
НА СТАНИЦИТЕ во метроата, во јавните тоалети или на прометните улици, некои мајки ги оставаат своите новороденчиња. Понекогаш, оние кои го собираат ѓубрето дури и во корпите за отпадоци наоѓаат мали бебиња исцрпени од плачење по своите мајки. Според O Estado de S. Paulo, „случаите на оставени бебиња на улиците се во пораст“. Се разбира, можеби младата мајка подоцна ќе зажали за својата одлука. Сепак, таа продолжува понатаму, иако тоа може нејзиното дете да го чини живот.
Можеби се прашуваш: ‚Како може една мајка дури и да помисли да го остави своето бебе на некоја несигурна иднина?‘ Библијата ја користи таквата жалосна состојба како метафора за да даде силен контраст за чувствата на нашиот Творец кон оние кои се негови: „Може ли жена да го заборави породот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам“ (Исаија 49:15).
Навистина, повеќе отколку која и да било човечка мајка, Бог има длабока љубов кон нас и покажува чувствителност за нашите потреби. Без разлика на тоа дали си млад или возрасен, без разлика на тоа со каков проблем можеби се соочуваш, ти не си сам. Твојот Творец сака да ти помогне и е заинтересиран за твојата благосостојба. Како што рекол и псалмистот, „зашто татко ми и мајка ми ме оставија, но Господ ме прими“ (Псалм 26:10).
Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! се издаваат ширум светот за да обезбедат спознание за „Единиот вистински Бог“ Јехова и за неговиот Син, Исус Христос, што може да значи вечен живот за оние кои со ценење го примаат (Јован 17:3).