„Кој ставил мудрост во слоевите на облаците?“
„КОГА видите дека се крева облак од запад, тогаш велите: ‚Ќе врне дожд!‘ Така и бива. А кога дува јужниот ветар, велите: ‚Ќе биде горештина!‘ Па така и бива.“ Овие Исусови зборови, кои ги напишал писателот на Евангелието по Лука, се примери за временските прогнози кои се правеле во древна Палестина (Лука 12:54, 55). Во извесни околности, луѓето од дамнина можеле да ги читаат знаците и да дадат точни краткорочни предвидувања.
Денес, метеоролозите користат софистицирани инструменти како, на пример, сателити кои кружат околу Земјата, Доплер радар и моќни компјутери за да ги измерат временските обрасци за подолги временски периоди. Но, честопати нивните предвидувања се погрешни. Зошто?
Многу фактори го отежнуваат точното прогнозирање на времето. На пример, непредвидените промени во температурата, влажноста, воздушниот притисок, како и брзината и правецот на ветерот можат да ги искомплицираат работите. Кон ова да ги придодадеме и сложените взаемни дејства на сонцето, облаците и океаните кои научниците сѐ уште не можат во потполност да ги разберат. Од таа причина, временската прогноза останува неегзактна наука.
Човековото ограничено спознание за времето нѐ потсетува на прашањата кои му биле поставени на Јов: „Кој ги раѓа капките на росата? Од чија утроба излегува мразот? . . Можеш ли да го кренеш гласот свој до облаците, за да те покрие обилно водата? . . Кој вложи мудрост во срцето на човекот [во слоевите на облаците, NW], и кој му даде смисла на разумот [на небесниот феномен, NW]? Кој може да ги преброи облаците со својата мудрост и да ги задржи садовите од небото?“ (Јов 38:28—37).
Одговорот на сите овие прашања е: ‚Не човекот, туку Јехова Бог‘. Да, колку и да изгледаат луѓето мудри, мудроста на нашиот Творец е далеку, далеку посупериорна. Навистина е израз полн со љубов од негова страна што својата мудрост ни ја ставил на располагање на страниците на Библијата за да можеме да го направиме нашиот пат успешен (Изреки 5:1, 2).