„Ние католиците имаме многу да учиме од нив“
ОВАА забелешка за Јеховините сведоци ја дала една наставничка во Бари (Италија) за време на нејзиниот час по историја на религијата во едно средно училиште. Наставничката му кажала на класот дека како помагало за поучување ќе користи видеокасети. Откако го чул тоа, еден од учениците, 18-годишниот Роберто, предложил во дискусијата да биде вклучена и неговата религија. Тој ѝ ја понудил видеокасетата Јеховини сведоци — организацијата зад името. Таа ја прифатила понудата на Роберто и целиот клас од околу 30 ученици ја гледал касетата. „Сите беа импресионирани од единството, организацијата и длабоката љубов која преовладува меѓу Јеховините сведоци“, вели Роберто. „Уште повеќе се зачудија кога дознаа дека секој месец се печатат 40 милиони примероци Стражарска кула и 36 милиони примероци Разбудете се!“
„Мислев дека не сте толку организирани“, прокоментирале неколку соученици на Роберто откако ја гледале касетата. Во врска со Јеховините сведоци наставничката му рекла на класот: „Забележете како нивната вера ги поттикнува да бидат толку обединети и организирани. Ние католиците имаме многу да учиме од нив“. Видеокасетата и дискусијата која следела во класот постигнале многу за да унапредат подобро разбирање за Јеховините сведоци.