Објавителите на Царството известуваат
Понизно приспособување кон Јеховиниот пат
„БАРАЈТЕ го Јехова, сите кротки на Земјата.“ Оваа покана, која ја објавил еврејскиот пророк Софонија пред повеќе од 26 векови, денес сѐ уште се шири до луѓето низ целата Земја (Софонија 2:3, NW). Што значи да се бара Јехова? Тоа почнува со примање спознание за единствениот вистинит и жив Бог, Јехова (Јеремија 10:10; Јован 17:3).
Меѓутоа, примањето спознание само по себе не води до една одобрена положба пред Бог. За да ја стекне Божјата наклоност, едно лице мора и да го применува тоа спознание. Како? Понизно приспособувајќи го своето размислување и однесување кон Божјите мерила, како што е илустрирано со следново искуство од Суринам (Ефесјаните 4:22—24).
Еди, учител во своите 30-ти години, копнеел по задоволителни одговори на некои прашања, како на пример: ‚Каква улога игра религијата во денешново општество?‘ и ‚Дали Библијата, една древна книга, се сложува со современата наука?‘ Кога го посетиле Јеховините сведоци и му понудиле библиски темелени одговори на тие прашања, Еди внимателно слушал. Дури си направил забелешки за да ги провери објаснувањата на Сведоците.
Претходно, Еди бил поврзан со религија која го поучувала дека луѓето се крајниот резултат од Божјата модификација на мајмуните. Затоа, кога Сведоците му ја понудиле публикацијата Животот — Како дошол тука? Преку еволуција или преку создавање?, спремно ја прифатил. Јасното објаснување на книгата во врска со библискиот извештај за создавање, го импресионирало. Преку својата студија на Библијата, тој се уверил дека ја пронашол вистината!
Но, сега се соочил со еден испит. Еди живеел во куќа во која крадењето и нечесноста биле начин на живот. Затоа, му бил понуден избор: или да го следи расипаниот начин на живот на неговите цимери или, пак, да го отфрли таквото однесување во прилог на начинот на живот кој го слави Бог. Мудро, Еди го избрал второто. Прекинал со сето лошо друштво и се иселил од куќата (1. Коринтјаните 15:33, 34, NW).
Откако почнал да присуствува на состаноците во Салата на Царството, Еди брзо напредувал. Исто така, направил подобрувања во своето облекување и дотерување и почнал да им зборува на своите пријатели и роднини за она што го учел. Подоцна, неговата радост се зголемила кога му било одобрено јавно да учествува во проповедањето на ‚Евангелието‘ (Матеј 24:14; Дела 20:20). Во декември 1996 дошол долгоочекуваниот ден кога тој го симболизирал своето предание на Јехова преку крштавање во вода.
Секоја година, стотици илјади луѓе со чесни срца се одѕиваат на поканата да ‚го бараат Јехова‘. Правејќи го тоа, тие ја доживуваат вистинитоста на Изреки 22:4, кој вели: „Плодови на мудроста [понизноста, NW] се: стравот Господен, богатството, славата и животот“. Да, преку понизното приспособување кон Јеховиниот пат, љубителите на вистината уживаат такви благослови сега, а со доверба радосно ги очекуваат и вечните благослови токму тука на Земјата (Псалм 36:29).
[Карти на страница 18]
(Види во публикацијата)
Карипско Море
ГВАЈАНА
СУРИНАМ
ФРАНЦУСКА ГВАЈАНА
БРАЗИЛ
[Извор на слика]
Земјина топка: Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.