Дали твојот говор ранува или исцелува?
ВО ТЕКОТ на овие тешки времиња, едвај изненадува тоа што многумина се „скршени во срцето“ и „здробени во духот“ (Псалм 34:18, NW). Така, според зборовите на апостол Павле постои константна потреба ‚да ги утешуваме малодушните‘ и ‚да ги поткрепуваме слабите‘ (1. Солунјаните 5:14). Но, што ако нашиот ближен нѐ навреди или направи нешто што е сериозно погрешно? Во една таква ситуација би можеле да мислиме дека е оправдано едноставно строго да го искараме поединецот. Меѓутоа, едно предупредување е на место. Советот, па дури и кога е валиден, може да биде штетен доколку се изнесе на еден груб начин. Изреки 12:18 наведува: „Празнословецот ранува како меч“.
Затоа, кога имаме намера да дадеме исправка или да се справиме со некое недоразбирање, витално е да се сетиме на вториот дел од Изреки 12:18: „Јазикот на мудрите исцелува“. Секогаш прашувај се: ‚Доколку мене ми треба исправка, како јас би сакал да се однесуваат со мене?‘ Повеќето од нас повеќе се одѕвиваат на охрабрување отколку на критика. Затоа, биди великодушен во пофалбата. Честопати, тоа ќе му даде на престапникот стимул да се подобри и веројатно ќе биде многу поблагодарен за која и да е понудена помош.
Колку само е витално нашите зборови секогаш да ги смекнуваме со благост! Исцелувачките зборови ќе придонесат слушателот да се чувствува како псалмистот, кој напишал: „Ако праведниот треба да ме удри, тоа би било срдечна љубезност; и ако треба да ме покара, тоа би било како масло на главата, кое мојата глава не би сакала да го одбие“ (Псалм 141:5, NW).