ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/4 стр. 9
  • „Силни и уверливи“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Силни и уверливи“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Сличен материјал
  • Како да ја користиме Добра вест од Бог!
    Нашата служба за Царството 2013
  • Објавувај ја добрата вест за Царството со брошури
    Нашата служба за Царството 1996
  • Користи различни брошури во својата служба
    Нашата служба за Царството 1995
  • Имитирај го Јехова, грижејќи се вистински за другите
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/4 стр. 9

„Силни и уверливи“

„ПОЧНУВАЈЌИ од утре, ќе ја користам во проповедничкото дело, бидејќи аргументите што таа ги содржи навистина се силни и уверливи“ — напишал еден Јеховин сведок од Франција. Еден Сведок од Соединетите Држави напишал: „Веднаш ја прочитав и едвај чекам да ја употребам во службата на теренот, бидејќи среќаваме толку многу луѓе кои се апатични и кои немаат никаква доверба во Библијата“. Што опишувале тие? Брошурата од 32 страници, Книга за сите луѓе, која беше објавена од Watch Tower Society на Обласните конгреси „Вера во Божјата Реч“, одржувани во текот на 1997/98.

Оваа публикација беше подготвена имајќи на ум една посебна публика — оние кои можеби се образовани, но знаат многу малку за Библијата. Многу такви поединци имаат дефинитивни мислења за Библијата, иако лично никогаш не ја прочитале. Целта на брошурата е да го увери читателот дека Библијата вреди барем да се испита. Брошурата не го принудува читателот да го прифати гледиштето дека Библијата е инспирирана од Бог. Наместо тоа, таа остава фактите да зборуваат сами за себе. Начинот на изразување не е бомбастичен, туку јасен и директен.

Како што покажуваат горенаведените коментари, оние кои биле присутни на конгресите биле желни да ја употребат оваа нова брошура во службата на теренот. На пример, во Франција беше организирана една специјална кампања на сведочење за 23 и 24 август, кога стотици илјади млади посетители од целиот свет се собраа во Париз за Светскиот ден на младите. Околу 2.500 Сведоци (главно од 16 до 30-годишна возраст) пласираа 18.000 примероци од брошурата на англиски, германски, италијански, полски, француски и шпански.

Секако, да ја употребуваме оваа брошура, Книга за сите луѓе, во нашата служба. Нека оваа публикација се покаже од вредност во уверувањето на разумните луѓе дека треба самите да ја испитаат Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели