„Еднопрсната Библија“
ПАРАЛИЗИРАН после една сончаница, Џозеф Шерешевски можел да пишува само со чукање на машина, користејќи еден прст. Па сепак, ја постигнал својата цел — да ја преведе Библијата на кинески, за еден странец еден од најтешките јазици за совладување.
Евреин по раѓање, Шерешевски го истражувал и го прифатил христијанството како возрасен. На крајот станал мисионер во Кина. Таму учествувал во многу преведувачки проекти, почнувајќи уште во 1866 и продолжувајќи сѐ до првите години од 20 век. Поради своето еврејско потекло, Шерешевски бил позапознаен со хебрејскиот отколку неговите соизучувачи. На тој начин, му било доверено преведувањето на целокупните Хебрејски списи. Кон крајот на својата долга кариера, создал и еден кинески превод на целата Библија со референци.
Како преведувач на Библијата, Џозеф Шерешевски бил ревносен поборник на верзиите на обичниот јазик. Но, неговата задача не била лесна. Неговиот придонес за кинеската Библија е уникатен, наведува The Book of a Thousand Tongues, „бидејќи бил толку опсежен и бил постигнат наспроти толку многу хендикепи“.
Откако рацете на Шерешевски му станале парализирани, тој продолжил да се пробива со своето дело. Чукањето изискувало огромен напор, бидејќи ја имал изгубено нормалната употреба на своите раце. Затоа, овој превод го нарекол своја еднопрсна Библија. За да ја произведе и покрај своите хендикепи, Шерешевски истрајал 25 години. Поради тоа што не се предал, учествувал во тоа Божјата Реч да се направи разбирлива на кинески — јазикот што го зборуваат повеќе луѓе од кој и да е друг.
[Извор на слика на страница 11]
Двете слики: Со љубезна дозвола од American Bible Society Archives