Пофален еден „извонреден“ конгрес
ЕДЕН радионајавувач од Лима (Перу) имал сериозни сомневања во врска со Јеховините сведоци. Меѓутоа, откако присуствувал на еден нивни обласен конгрес, неговиот став драматично се променил. Всушност, бил толку импресиониран што дал неколку поволни коментари до својата радиопублика. Следат извадоци од она што го рекол:
„Конгресот беше едноставно извонреден. Немаше ниту парче хартија наземи ниту, пак, некаков продавач наоколу. Немаше застои во сообраќајот. Пет илјади и двесте души отидоа на стадионот на свој сопствен трошок, секој вооружен со кофа, крпа, пајалка, лопатка за ѓубре, метла, рачна четка, ракавици и детергент за да го измијат и истријат местото. Таму каде што беше потребно бојадисување, тие фатија и бојадисаа. А откаде пари? Од самите нив! Кога се информирани дека нешто треба да се направи, сите тие веднаш бркаат во своите џебови за да дадат. Ви велам, Католичката црква заспива кога станува збор за такви работи. Сакам да им честитам на Јеховините сведоци и на координаторите на овој настан. И сакам од дното на моето срце да им кажам: Бог нека ви помогне и нека ве благослови.“
Годинава, во градовите ширум светот, Јеховините сведоци ќе уживаат во Обласниот конгрес „Божји начин на живот“. Дали Вие ќе бидете присутни?
[Истакната мисла на страница 32]
„Немаше ниту парче хартија наземи“