ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/2 стр. 30
  • Радост во Божјата служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Радост во Божјата служба
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/2 стр. 30

Радост во Божјата служба

ЈЕХОВА е наречен „среќниот Бог“ (1. Тимотеј 1:11, NW). Тој создава и работи на своја лична радост и на радост на своите суштества. Тој се радува на она што го создава (Псалм 103:31). Тој сака неговите творби на сличен начин да се радуваат на неговите дела и на својата сопствена работа (Проповедник 5:18). Поради тоа што тој е Изворот на сите добри работи (Јаков 1:17), сите интелигентни суштества, и човештвото и ангелите, својата најголема радост можат да ја најдат во тоа да го запознаат него (Јеремија 9:23, 24). Апостол Павле силно ги поттикнал христијаните во секое време да се радуваат на своето спознание за Јехова и во неговото постапување со нив, кога им пишал: „Радувајте се секогаш во Господа [„Јехова“ во повеќето верзии], и пак ќе речам: радувајте се“ (Филипјаните 4:4).

Исус Христос, кој бил Јеховиниот интимен пријател, го познава најдобро (Матеј 11:27) и способен е да им даде објаснување за Него на своите следбеници (Јован 1:18). Затоа, Исус е радосен и е наречен „среќниот и единствен Владетел“ (1. Тимотеј 6:14, 15, NW). Од љубов кон својот Татко, тој е желен секогаш да го прави она што му е угодно Нему (Јован 8:29). Затоа, кога пред него била поставена задачата да дојде на Земјата, да пострада и да умре за да може да го посвети Јеховиното име, ‚поради Неговата идна радост, претрпел крст, откако го презрел срамот‘ (Евреите 12:2). Тој имал и голема љубов кон човештвото и му се радувал, и посакувал неговите следбеници да ја имаат истата радост (Изреки 8:30, 31).

Ангелите имале радост при создавањето на Земјата (Јован 15:11; 17:13; Јов 38:4—7). И тие го посматраат патот на Божјиот народ, радувајќи се на неговиот верен пат и особено воскликнувајќи кога некој поединец ќе се сврти од своите грешни патишта кон чистото обожавање и службата за Бог (Лука 15:7, 10).

Она што Јехова го бара од своите слуги не е тегобно (1. Јованово 5:3). Тој сака тие да се радуваат во службата за него. Неговиот народ Израел требало да се радува на сезонските свечености што тој ги подготвил за нив, и требало да се радува во други аспекти од својот живот и од обожавањето на Бог (3. Мојсеева 23:40; 5. Мојсеева 12:7, 12, 18). Тие требало радосно да зборуваат за Бог (Псалм 19:5; 50:14; 58:16). Доколку не му служеле со радост во срцето, тогаш имало нешто неисправно во нивните срца и во нивното ценење за неговата срдечна љубезност и доброта. Затоа, тој предупредил на тоа што би се случило ако станат непослушни и ако му служат без радост (5. Мојсеева 28:45—47).

Ништо помалку, христијанинот треба да се радува на својата служба за Бог. Инаку, му недостига ценење од срце (Псалм 99:2). „Радоста пред Господа е поткрепа за вас“ — рекол еден од Божјите верни слуги (Неемија 8:10). Добрата вест што ја објавува христијанинот била најавена од Божјиот ангел како „голема радост, која ќе биде за сите луѓе“ (Лука 2:10). Јеховиното име врз неговите сведоци, како и вистината каква што се наоѓа во Библијата, самите по себе треба да бидат радост за нив (Јеремија 15:16).

Освен тоа, Јеховините праведни, исправни судски одлуки спроведени во христијанското собрание и во животите на христијаните, се причина за радост, особено во време кога светот ги гази под нозе правдата и праведноста (Псалм 47:11). Потоа, исто така, прекрасната надеж што претстои сигурно дава силна основа за веселост („Бидете радосни во надежта“, Римјаните 12:12; Изреки 10:28). Нивното спасение е темел за радост (Псалм 12:5). Освен тоа, тука е и радоста што Божјиот слуга ја има од оние на кои им помага да дојдат до спознание за Јехова и да му служат (Филипјаните 4:1; 1. Солунјаните 2:19). Заедничкото состанување и соработување со Божјиот народ е една од најголемите радости (Псалм 105:4, 5; 121:1).

Јехова обезбедил многу други работи на кои човештвото може да се радува ден за ден. Некои од овие се бракот (5. Мојсеева 24:5; Изреки 5:18), да се биде татко или мајка на едно праведно и мудро дете (Изреки 23:24, 25), храната (Проповедник 10:19; Дела 14:17), виното (Псалм 103:14, 15; Проповедник 10:19) и многубројните работи од Неговото творештво (Јаков 1:17; 1. Тимотеј 6:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели