ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/2 стр. 32
  • Дали Бог ќе го уништи светот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог ќе го уништи светот?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/2 стр. 32

Дали Бог ќе го уништи светот?

СПОРЕД Папата Јован Павле II, луѓето можат со доверба радосно да ја исчекуваат иднината. Низ историјата, забележал тој, „луѓето продолжиле да прават гревови, можеби уште поголеми од оние што се опишани пред потопот“. Иако е така, објаснил папата, „од зборовите на сојузот што Бог го склучил со Ное, увидуваме дека не постои грев што може да го наведе Бог да го уништи светот што самиот тој го создал“.

Дали е точно тоа дека Бог нема никогаш да го уништи светот? Библијата наведува дека, после општиот потоп, Бог му рекол на Ное: „Отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и . . . повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата“ (1. Мојсеева 9:11). Папата вели дека, со овие зборови, Бог „се обврзал себеси да ја сочува [Земјата] од уништување“.

Библијата објаснува дека Создателот нема да допушти нашата планета да биде уништена. „Земјата си постои секогаш“ — вели Библијата (Проповедник 1:4). Но, од општиот потоп треба да се научи повеќе — нешто за кое папата не коментирал.

Исус рекол дека условите на Земјата во времето на неговата идна присутност ќе бидат ‚како во деновите на Ноја‘, кога луѓето ‚не узнале, додека не дошол потопот и истребил сѐ‘ (Матеј 24:37—39). Слично на тоа, апостол Петар напишал дека, исто како што ‚тогашниот свет загинал, потопен од вода‘, така и над сегашниов свет се надвиснува „денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе“ (2. Петрово 3:5—7).

Дали Исус и Петар заборавиле на Божјиот сојуз со Ное? Воопшто не! Исто како што навел во сојузот со Ное, Бог нема да ги употреби водите на потопот за да го доведе до крај овој зол систем на ствари. Место тоа, ќе ја употреби моќта на ‚Царот над царевите и Господарот над господарите‘, Исус Христос (Откровение [Апокалипса] 19:11—21). Значи, според Библијата, Земјата нема да биде уништена, туку на „светот“ од злобно човештво сигурно ќе му дојде крајот (Изреки 2:21, 22; Откровение 11:18). Потоа, „праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 36:29).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели