Предизвикувачки одговор
Catholic Herald, еден британски римокатолички весник, неодамна го објави следново писмо од еден читател од Велс: „Една вечер, на мојата врата дојдоа двајца Јеховини сведоци. Успеав да кажам дека Католичката црква е таа која гарантира за автентичноста на Новиот завет што тие го цитираа. На мое изненадување, едниот од нив се согласи. ‚Да‘ — рече тој — ‚вие гарантирате за него, но не го следите. Исус рекол: „Да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“, ама вие се убивате едни со други. Во последната војна, католици убиваа католици, но ниеден Јеховин сведок не уби друг Сведок.‘ Што можев освен да се согласам? Како можеме да молиме за единство со нашите ‚одвоени браќа‘ кога нема вистинско единство меѓу нас? Зарем не треба првин да го исправиме овој скандал?“ (Јован 15:12).
И двете светски војни од овој 20 век започнаа во христијанскиот свет и одзедоа околу 50 до 60 милиони животи. Сепак, навистина може да се рече дека Јеховините сведоци не учествуваа во овие војни ниту, пак, се вклучија во кој и да е од конфликтите што моментално се случуваат. Како е можно ова? Си должите себеси да дознаете повеќе за силните врски на христијанска љубов и единство што ги имаат преку пет милиони Јеховини сведоци ширум светот. (Спореди Исаија 2:4.)
[Извор на слика на страница 32]
U.S. National Archives photo