„Правете ученици од луѓето од сите нации“
„ОДЕТЕ и правете ученици од луѓето од сите нации, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух.“ Вака New World Translation ја преведува Исусовата заповед од Матеј 28:19. Меѓутоа, овој превод е критизиран. На пример, еден религиозен памфлет тврди: „Грчкиот текст дозволува само еден превод: ‚Правете ученици од сите нации!‘“ Дали ова е точно?
Овој превод: „Правете ученици од сите нации“ се појавува во многу верзии на Библијата и е дословен превод од грчки. Тогаш, кој е темелот за преводот: „Правете ученици од луѓето од сите нации, крштавајќи ги“? Контекстот. Изразот „крштавајќи ги“ јасно се однесува на поединци, а не на нации. Германскиот научник Ханс Брунс наведува: „[Зборот] ‚ги‘ не се однесува на народите (во грчкиот разликата е јасна), туку на луѓето во народите“.
Понатаму, треба да се земе во обѕир начинот на кој била извршувана Исусовата заповед. Во врска со службата на Павле и на Варнава во Дерва, еден град во Мала Азија, читаме: „И, откако го проповедаа Евангелието во тој град и мнозина придобија и научија [направија прилично ученици, NW], тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија“ (Дела 14:21). Забележи дека Павле и Варнава направиле ученици не од градот Дерва, туку од некои луѓе од Дерва.
На сличен начин, во врска со времето на крајот, книгата Откровение не претскажала дека цели нации ќе му служат на Бог, туку дека едно „големо мноштво . . . од сите племиња и колена, народи и јазици“ ќе го прави тоа (Откровение 7:9). Според тоа, New World Translation е оправдан како доверлив превод на ‚целото Писмо, вдахновено од Бога‘ (2. Тимотеј 3:16).