Се сеќаваш ли?
Дали си го ценел читањето на неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали можеш да одговориш на следниве прашања:
◻ Која е главната цел на образованието за еден христијански младинец? Главната цел на образованието би требало да биде да го опреми младинецот да биде делотворен слуга на Јехова. А најважното образование за таа цел е духовното образование (15.8., страница 21).
◻ Кои се причините да се извести кај старешините сериозното злодело на некој сохристијанин?
Една причина за известување на сериозно злодело е што тоа помага за сочувување на чистотата на собранието. Друга причина е што тоа претставува чин на христијанска начелна љубов покажана кон Бог, кон собранието и кон виновникот за зло (15.8., страници 28, 30).
◻ Што значи да се чува „цврсто на ум присутноста на Јеховиниот ден“? (2. Петрово 3:12, НС).
Тоа значи да не го одложуваме во своите мисли „Јеховиниот ден“. Не треба да заборавиме дека е близу денот кога Јехова ќе го уништи овој систем на ствари. Тој треба да ни биде толку реален што јасно го гледаме, како да е непосредно пред нас (Софонија 1:7, 14; 1.9., страница 19).
◻ Зошто последните денови на овој зол систем траеле подолго отколку што мнозина очекувале?
Јехова го зема во обѕир она што е во најдобрите интереси за сето човештво. Тој се грижи за животите на луѓето (Језекиил 33:11). Можеме да бидеме уверени дека крајот ќе дојде токму во правото време за да ја исполни намерата на нашиот семудар Творец полн со љубов (1.9., страница 22).
◻ Како можат оние во полновремената служба да ја задржат својата радост и покрај проблемите со кои можеби се соочуваат?
Тие треба да размислуваат за многуте благослови што ги имаат и да признаат дека илјадници други трпат поголеми тешкотии (1. Петрово 5:6—9; 15.9., страница 24).
◻ Која била целта на Вилијам Тиндејл при преведувањето на Библијата?
Тиндејловата цел била да го остави Писмото да му зборува на обичниот човек со колку што е можно поточни и поедноставни термини (15.9., страница 27).
◻ Како можеме да покажеме дека сме лојални застапници на Божјата Реч?
Нашата лојалност на Божјата Реч ја покажуваме со тоа што ревносно им ја проповедаме на другите. Како учители, треба грижливо да ја користиме Библијата, никогаш не искривувајќи ја и не растегнувајќи го она што го вели таа за да одговара на нашите идеи (2. Тимотеј 2:15, НС; 1.10., страница 20).
◻ Како може отровниот дух на светот да го ослабне нашиот интегритет?
Духот на светот може да го ослабне нашиот интегритет со тоа што нѐ прави незадоволни од она што го имаме и тегобно загрижени да ги ставаме сопствените потреби и интереси пред Божјите. (Спореди Матеј 16:21—23; 1.10., страница 29.)
◻ Што значи да му се служи на Јехова со сета душа?
„Душата“ се однесува на целото лице, со сите негови физички и умствени способности. Да му се служи на Јехова со сета душа значи да се даваме себеси, користејќи ги сите наши вештини и насочувајќи ја нашата енергија во Божјата служба во најпотполна можна мера (Марко 12:29, 30; 15.10., страница 13).
◻ Кој е клучот да се биде лице од побожен принцип?
Клучот е вистински да се познава Јехова, што тој сака, што не сака, како и неговите намери. Кога овие фундаменти кои се поврзани со Бог, управуваат со нашиот живот, тие всушност стануваат живи принципи (Јеремија 22:16; Евреите 4:12; 15.10., страница 29).
◻ Каков урамнотежен став имаат Јеховините слуги спрема човечкото владетелство?
Тие се неутрални во политичките работи бидејќи служат како амбасадори или пратеници на Божјето Царство (2. Коринтјаните 5:20). Од друга страна, совесно им се подложуваат на оние кои се на власт (1.11., страница 17).
◻ Каква лекција можеме да научиме од правецот што го зазел пророкот Јелисеј?
Кога му била упатена покана за специјална служба со Илија, Јелисеј веднаш ја оставил својата нива за да му служи на Илија, иако некои од неговите должности требало да бидат ниски (4. Царства 3:11). Некои Божји денешни слуги покажуваат сличен дух на самопожртвуваност со тоа што ги оставаат своите средства за издршка за да ја проповедаат добрата вест во оддалечени подрачја (1.11., страница 31).
◻ Каков корисен совет содржи писмото на Јаков?
Тоа ни покажува како да се соочуваме со испитите, нѐ советува против фаворитизам и нѐ поттикнува да се ангажираме во исправни дела. Јаков нѐ поттикнува да го контролираме јазикот, да се спротивставуваме на световните влијанија и да унапредуваме мир. Неговите зборови можат исто така да ни помогнат да бидеме стрпливи и молитвени (15.11., страница 24).
◻ Зошто Јехова е ‚спремен да прости‘? (Псалм 86:5, НС).
Јехова спремно простува бидејќи не заборава дека ние сме суштества од прав, кои се кревки, односно со слабости, како последица од несовршеноста (Псалм 102:12—14; 1.12., страници 10, 11).
◻ Зошто треба да бидеме спремни да им простуваме на другите?
Ако одбиеме да им простиме на другите кога постои темел за милост, тоа може неповолно да се одрази врз нашиот личен однос со Бог (Матеј 6:14, 15; 1.12., страница 17).