ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/12 стр. 32
  • Десетте заповеди

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Десетте заповеди
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/12 стр. 32

Десетте заповеди

БИСКУПОТ на Англија од Глостер открил дека преку половината од свештениците во неговата диецеза не можеле да ги повторат Десетте заповеди, а 10 отсто од нив не знаеле ни каде да ги најдат во Библијата. Но, тоа било пред 450 години. Дали ситуацијата се подобрила оттогаш? Едвај — како што открила една неодамнешна анкета по случаен избор меѓу англиканските свештеници, спроведена од Sunday Times.

Од 200-те интервјуирани свештеници, само 34 отсто можеле да ги наведат сите Десет заповеди. Меѓу останатите, еден мислел дека тие се премногу негативни, а еден друг ги отфрлил како небитни за современите морални предизвици.

Дали ти ги знаеш Десетте заповеди или, пак, каде да ги најдеш? Запишани се во 2. Мојсеева, втората книга од Библијата, првите 17 стихови од 20-тото поглавје. Зошто не ги прочиташ? Еве еден едноставен начин за да ги групираш. Првите четири се однесуваат на нашето обожавање на Бог, петтата го истакнува семејниот живот, шестата до деветтата се однесуваат на нашиот однос со ближниот, а десеттата е единствена, терајќи нѐ да го испитуваме своето срце, да ги проверуваме своите мотиви. Еве едно кратко резиме за тоа како би можеле христијаните да ги применат начелата.

Прво: Давај му исклучителна оддаденост на нашиот Творец. Второ: Не користи ликови при обожавањето. Трето: Секогаш почитувај го и величај го Божјето име. Четврто: Одвојувај време да се концентрираш на духовни работи, без да те одвраќа нешто. Петто: Деца, почитувајте ги своите родители. Шесто: Не убивај. Седмо: Избегнувај прељуба. Осмо: Не кради. Деветто: Кажувај ја вистината. Десетто: Избегнувај алчност.

Десетте заповеди биле дел од зборникот од закони што му биле дадени на Мојсеј. Но, начелата што тие ги овоплотуваат се вонвременски (Римјаните 6:14; Колосјаните 2:13, 14). Поради оваа причина, Исусовите следбеници цитирале и се осврнувале на Десетте заповеди (Римјаните 13:8—10). Колку само животот денес би бил посреќен — и побезбеден — доколку сите би ги почитувале и би живееле според овие божествено инспирирани начела!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели