ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/11 стр. 32
  • Да се исцрпат ,длабоките води‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се исцрпат ,длабоките води‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/11 стр. 32

Да се исцрпат ,длабоките води‘

ЕДНА библиска изрека наведува: „Советот во срцето на човекот е како длабоки води, но човекот со проникливост ќе го исцрпи“ (Изреки 20:5, НС). Во библиски времиња било многу потешко да се добие вода отколку во многу земји денес. Кога Исус зборувал со Самарјанката, таа влечела вода од Јакововиот резервоар, бунар кој бил длабок околу 23 метри! (Јован 4:5—15).

Како што е покажано во Изреки 20:5, проникливоста потребна за да се извлечат длабоките мисли и чувства кои се скриени во срцето на некое лице, многу наликува на напорот кој е потребен за да се исцрпи вода од некој бунар. Тоа е случај на многу подрачја од животот. На пример, веројатно знаеш поединци кои во текот на многу години насобрале богатство од спознание и искуство. Доколку тие не се наклонети доброволно да дадат совет ако не се побара, можеби ќе треба да го исцрпиш од нив. Покажувајќи интерес, поставувајќи прашања и тактично испитувајќи — така да се каже — ти ќе ја спуштиш својата кофа во еден длабок бунар на мудрост.

Советот во Изреки 20:5 важи и во семејството. Честопати се слуша како сопругите велат: „Мојот сопруг не ми кажува како се чувствува!“ Еден сопруг би можел да каже: „Мојата сопруга само молчи!“ Во таквите ситуации потребна е проникливост за да се исцрпат мислите кои се длабоко во срцето на брачниот партнер. Тактичните прашања (Дали имаше напорен ден? Што се случи? Како можам да ти помогнам?) честопати можат да поттикнат отворена комуникација. Покажувањето таква проникливост ќе ја зајакне брачната врска, во корист и на сопругот и на сопругата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели