Покажување љубов кон оние кои се во нужда
ХРИСТИЈАНИТЕ ја имаат и обврската и предноста да покажуваат љубов кон своите браќа и сестри кои се во нужда (1. Јованово 3:17, 18). Апостол Павле напишал: „Додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера [на оние кои ни се сродни во верата, НС]“ (Галатјаните 6:10). Еден брат, кој му служи на Јехова скоро четири децении, неодамна ја доживеа љубовта од христијанското братство за време на болеста и подоцнежната смрт на својата сопруга. Тој пишува:
„Поради тоа што се грижев за мојата сопруга дома за време на нејзината болест, не бев во состојба да работам световна работа речиси два месеца. Колку само ми олесна кога пријателите од собранието спремно ни дојдоа на помош! Десетици парични подароци — ‚за да помогнеле околу додатните трошоци‘, како што стоеше на придружните картички — со кои се плаќаше хипотеката, комуналните услуги и други трошоци.
Две седмици пред смртта на мојата сопруга, нашиот покраински надгледник ни направи една охрабрувачка посета. Тој дури ни ги покажа и слајдовите кои собранието требаше да ги види на крајот од седмицата. Бевме во можност да ги слушаме состаноците преку телефон — вклучувајќи ги и состаноците за служба на теренот што ги водеше покраинскиот надгледник. На еден од овие состаноци, тој даде сите присутни за служба на теренот како група да ѝ кажат ‚здраво‘ на жена ми. На тој начин, иако физички беше изолирана, никогаш не се чувствуваше сама.
За само еден час по нејзината смрт, скоро сите старешини беа во мојот дом. Преку сто браќа и сестри навратија само тој ден. Храната на ‚чудесен начин‘ се појавуваше на масата за сите присутни. Не можам ни да ги набројам сите подароци, изрази на сочувство, утешни зборови и молитви што беа изнесени во моја полза. Колку само зајакнувачки беа тие! Најпосле морав да ги замолам браќата да престанат да обезбедуваат оброци и помош за чистење на куќата!
Каде освен во Јеховината организација можеме да најдеме такви несебични изрази на сожалување, грижа и љубов? Повеќето луѓе денес можат на едната рака да ги избројат вистинските пријатели што ги имаат. Јехова нѐ благословил со едно големо раширено семејство од духовни браќа и сестри!“ (Марко 10:29, 30).