ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/9 стр. 32
  • На чии ветувања можеш да се потпреш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На чии ветувања можеш да се потпреш?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/9 стр. 32

На чии ветувања можеш да се потпреш?

ВО 1893, една група од 74 социјални коментатори се состанала на светскиот панаѓур во Чикаго за да дискутира за иднината. (Неговата локација е наведена погоре.) Гледајќи 100 години нанапред, до 1993, меѓу другото, ги дала следниве предвидувања: „Многу луѓе ќе ја доживеат 150-тата“. „Затворите ќе се намалат и разводот ќе се смета за непотребен.“ „Владата ќе стане поедноставна, затоа што вистинската величина секогаш е склона кон едноставност.“

Слично, во 1967 една книга со наслов The Year 2000 предвидела: „До 2000-тата, компјутерите веројатно ќе бидат еднакви со некои од интелектуалните човечки способности кои се ‚најслични‘ на човекот, ќе ги имитираат или ќе ги надминат, вклучувајќи можеби и некои од неговите естетски и креативни способности“. Идејата за роботи со умерена цена кои го вршат поголемиот дел од домашната работа . . . изгледа многу разумна до 2000-та година“.

Неспособноста на човештвото да ги предвиди идните настани е во впечатлива спротивност со Божјата способност. На пример, спореди ги претходните предвидувања во поглед на нашево време со она што го претскажала Библијата скоро пред 20 векови: „Луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле“ (2. Тимотеј 3:1—5).

Ова библиско пророштво во врска со „последните денови“ е само едно од многуте што се исполниле во наше време. Божјата Реч претскажала дека „знакот“ за Исусовата присутност ќе вклучувал светска војна, недостиг на храна, чуми, земјотреси и проповедање на добрата вест за Божјето Царство ширум светот (Матеј 24:3—14; Лука 21:11).

Непогрешната точност на Божјите ветувања навела еден библиски писател со векови порано да објави: „Не беше напразен ниеден збор од сите добри зборови, што ги говореше за вас Господ, вашиот Бог: сѐ се изврши на вас, ниеден збор не остана неисполнет“ (Исус Навин 23:14).

Да, можеме да бидеме уверени дека сите Божји ветувања наскоро ќе се обистинат. Божјето Царство ќе донесе крај на болеста, криминалот, зависноста од дрога, гладот и војната — целата Земја ќе биде рај (Псалм 36:10, 11, 29; Откровение 21:3, 4). Можеш да сметаш на исполнувањето на ова пророштво! Тоа доаѓа од нашиот Творец „кој не лаже“ (Тит 1:2; спореди Евреите 6:13—19).

[Извор на слика на страница 32]

Cleveland State University Archive

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели