ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/7 стр. 32
  • „Скапоцени камења на вистината“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Скапоцени камења на вистината“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/7 стр. 32

„Скапоцени камења на вистината“

„СКАПОЦЕНИ камења на вистината.“ Вака едно писмо до нигериската подружница на Јеховините сведоци опишува две посебни списанија. Писателот, еден младич, објаснува:

„Ви пишувам за да ја изразам мојата искрена благодарност за вашите напори во обработувањето на практично сите аспекти од секојдневниот живот преку списанијата Стражарска кула и Разбудете се!

Имам 17 години. Лани, една локална радио⁠-​станица спонзорираше еден натпревар во пишување состави на темата ‚Љубовта е многу повеќе од секс — СИДА-та е реална‘. Секој состав не смееше да биде помал од четиристотини зборови. За најдобриот расказ требаше да се даде награда од 1.000 наири [12,5 долари]. Се разбира, тие рекоа дека луѓето не би требало да пишуваат само за да добијат награда туку, напротив, за да научат нешто . . .

Јас најдов информации за СИДА-та во обете списанија. Во врска со љубовта имаше една неисцрпна низа статии. Употребив некои точки од Разбудете се! од 8 август 1978 година (англ.).

Само два месеца откако го испратив мојот состав, излегоа резултатите. На мое изненадување, бев прв во државите Крос Ривер и Аква Ибом!

Сите информации што ги употребив потекнуваа од списанијата. Навистина е прекрасно што Јехова ни обезбедува навремени информации во овој болен свет оптоварен со проблеми. Како вистински христијани, ние знаеме дека љубовта е многу, многу повеќе од секс. И, се разбира, водењето чист, морален живот нѐ штити од болести како што е СИДА-та.

Не можам а да не ви се заблагодарам за овие скапоцени камења на вистината кои вие неуморно ги објавувате. Нека Јехова продолжи да ги благословува вашите напори додека непрекинато ги обезбедувате овие скапоцени списанија“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели