Кога ќе дојдат Јеховини сведоци
Што треба да прават католиците кога некој Јеховин сведок ќе дојде во нивниот дом? Една неодамнешна публикација, подготвена од Националното катихетско биро на италијанската Бискупска конференција, наведува: „Одбивањето разговор, љубезно но сепак цврсто, во овој случај не претставува недостаток на милосрдие“.
Сите католици не се согласуваат со ова, како што се гледа од едно писмо испратено до Gazzetta del Mezzogiorno од еден човек кој живее во Фоѓа (Италија):
„Јас не сум Јеховин сведок. Јас сум католик. Но, зачуден сум од извесни правила што црквата ги наметнува врз верниците, кажувајќи им да лепат белешки на своите врати, со кои ги одвраќаат Јеховините сведоци. Впрочем, овие луѓе само ја носат Божјата Реч и им помагаат на другите да имаат подлабоко спознание за Библијата. Ова ме потсетува на времето кога Италија беше погодена од колера и ни беше даван совет како да избегнеме инфекција.
Според мое мислење, ова покажува дека црквата диктира свои сопствени правила без да ги зема во обѕир желбите на верниците. Но, веќе неколку години гледам како дури и католици одат од куќа до куќа, посетувајќи домови и на Јеховини сведоци; а тие ги пуштаат внатре, разговарајќи со нив без да одбиваат некого“.
Јеховините сведоци не ги присилуваат луѓето да ја прифатат нивната порака. Напротив, тие настојуваат да ја споделат со другите надежта што е содржана во Божјата Реч, за која самите увиделе дека е утешна во овие немирни времиња. Со тоа што одат од куќа до куќа и зборуваат со оние што ги среќаваат на улица, Јеховините сведоци ја споделуваат добрата вест за Божјето Царство со оние кои се спремни да слушаат (Матеј 24:14; Дела 5:42; 17:17).