ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/5 стр. 32
  • Да се носи јаремот во младоста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се носи јаремот во младоста
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/5 стр. 32

Да се носи јаремот во младоста

ВО ОВИЕ „времиња тешки“, младите се соочуваат со тешки притисоци (2. Тимотеј 3:1). Секојдневно се опсипувани со пропаганда која охрабрува на неморал, пушење и на други облици на деструктивно однесување. Оние кои ги следат библиските мерила може да бидат исмејувани затоа што одбиваат да одат со мнозинството, додека некои христијани можеби мислат дека би било полесно да се предадат.

Кон крајот на седмиот век пр. н. е., Јеремија напишал: „Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја“ (Плач Јеремиин 3:27). Што мислел тој? Дека, ако едно лице научи да се соочува со искушенијата додека е младо, тоа ќе му помогне да се подготви да излегува накрај со предизвиците на зрелите години. Иако се неугодни, неволјите се неизбежни и за младите и за возрасните христијани (2. Тимотеј 3:12). Но, користите од верноста далеку го надминуваат секое привремено олеснување кое би можело да го донесе компромисот.

Ако си младинец, отворено соочувај се со испитите на верата. Кога си искушуван да се впуштиш во неисправно постапување, одбивај да се компромитираш. Иако во моментот можеби е тешко да го сториш тоа, на крај ќе имаш помалку грижи. Исус ветил: „Земете го Мојот јарем на себе . . . и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“ (Матеј 11:29, 30).

Прифати го предизвикот да живееш според библиските начела. Ако правиш така, тоа ќе ти го овозможи најдобриот начин на живот сега и сигурна надеж за иднината. Како што наведува Библијата, „светот поминува и похотите негови, а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека“ (1. Јованово 2:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели