Дали некогаш ќе се ослободиме од вакви сцени?
КАДЕ и да се свртиме овие денови, гледаме слики на напнатост, судир и војна. Но, целта на ова списание не е да ги дополниме лошите вести што веќе ги знаете. Напротив, ова посебно издание ќе ви претстави барем две утешителни вистини. Прво, дека древните пророштва во Библијата навистина прорекле многу од шокантните лоши вести за нашава ера; второ, дека истата таа книга на пророштва прорекува за еден ден кога таквите сцени, како оваа што е насликана овде, ќе припаѓаат на минатото. Нема повеќе војни. Нема повеќе бомбардирања, снајпери, копнени мини ниту тероризам. Нема повеќе напатени сирачиња ниту бездомни бегалци. Свет на вистински мир кој го успокојува срцето. Дали би сакале да дочекате такво време? Ве поттикнуваме да разгледате што има да каже Библијата. Во неа би можеле да најдете повеќе утеха отколку што некогаш сте мислеле дека е можно.