ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/4 стр. 30-31
  • Еден 403-годишен брак е во неволја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еден 403-годишен брак е во неволја
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/4 стр. 30-31

Еден 403-годишен брак е во неволја

ПОВЕЌЕ од 400 години, црквата и државата во Шведска уживаа еден близок однос. Сега, бракот меѓу религијата и владата ослабува.

Лутеранството беше воспоставено како државна религија во 1593 година, и сите Швеѓани мораа да бидат крстени членови. Со години подоцна, во текот на 1850-тите, беше направена исправка. Повеќе не беше неопходно Швеѓаните да се крстат; меѓутоа, тие сѐ уште беа сметани за членови на Лутеранската црква. Како такви, од нив се бараше да плаќаат 1 отсто од својот даночен приход за поддршка на црквата и да плаќаат за извесни граѓански услуги што ги врши црквата. Во поново време, се случи уште една промена. Почнувајќи од 1952 година, Швеѓаните можеа да се повлечат законски од црквата и на тој начин да бидат изземени од плаќањето на поголемиот дел од црковниот данок.

Во последниве години, Лутеранската црква продолжи да го губи својот стисок во Шведска. Тоа беше неизбежно, бидејќи 10 отсто од жителите на Шведска се нелутерански имигранти, вклучувајќи и Евреи, католици и муслимани. На тој начин, во почетокот на 1996 година, само 86 отсто од Швеѓаните ѝ припаѓаа на Лутеранската црква, а бројот продолжува да опаѓа.

Сѐ поголемата апатија предизвикува јаз помеѓу црквата и државата. Веќе беше објавено дека царот не мора да биде лутеранец, а децата на еден лутерански родител не се сметаат автоматски за членови на Лутеранската државна црква. Освен тоа, според The Dallas Morning News, до 2000-тата година „локалните парохијани и државата мораат да ги проценат и да ги разделат огромните имоти. Црквата мора да го намали својот годишен буџет од 1,68 милијарди долари, од кој поголемиот дел се собира преку даноци. После преминот во новото столетие, црквата ќе си наименува свои бискупи“.

Додека христијанскиот свет го измачува апатија и опаѓање на членството, Јеховините сведоци во Шведска продолжуваат да цутат. 1997 Yearbook of Jehovah’s Witnesses (Годишникот на Јеховини сведоци за 1997) известува дека во оваа земја има 24.487 објавители на Божјето Царство, од кои приближно 10 отсто проповедаат како полновремени министри. Мнозина од нив тежнеат по поголеми предности на службата. На пример, во текот на обласните конгреси на Јеховините сведоци во 1995 година, 20 брачни двојки поднесоа молби за мисионерско обучување во Библиската школа Гилеад на Watchtower. Во тоа време, имаше околу 75 шведски дипломци од изминатите класови кои се наоѓаа во мисионерска служба во различни делови од светот. Несомнено, нивниот извонреден пример, како и охрабрувачките писма и посети, има стимулирачки ефект врз оние кои сега размислуваат за оваа величествена предност.

На тој начин, додека милионите од христијанскиот свет страдаат од скршен дух, Јеховините сведоци „пеат од срдечна радост“ (Исаија 65:13, 14).

[Карта на страница 30]

(Види во публикацијата)

Шведска

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели