ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/2 стр. 30
  • Исклучителна оддаденост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исклучителна оддаденост
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/2 стр. 30

Исклучителна оддаденост

ИЗРАЗОТ исклучителна оддаденост се однесува на фактот дека Јехова не поднесува никакво соперништво, обожавање на какви и да било други богови. Хебрејскиот збор кана́ се употребува само за Бог; тој значи „да се бара исклучителна оддаденост; љубоморен“ (2. Мојсеева 20:5, НС, фуснота).

Бог нема да ја пренесе на друг честа што му припаѓа нему (Исаија 42:8). За Израел се сметало дека е венчан со Јехова. Како сопруг, Јехова барал од Израел исклучителна оддаденост, лојалност и верност. Тој би бил љубоморен, полн со жар за него, во негова полза (Језекиил 36:5). И обратно, непослушноста, одењето по други богови, би било прељуба, со што би се заслужил Јеховиниот праведен гнев и неговата љубомора заради неговото сопствено име (5. Мојсеева 32:16, 21; Језекиил 16:38, 42).

Зборот „исклучителна“ потекнува од латинскиот exclusus, што значи „сосема исклучен“. Оддаденост значи силна приврзаност и страстна љубов. Според тоа, исклучителна оддаденост значи да ги држиме другите надвор, односно исклучени од Божјето место во нашето срце и постапки. Секој и сѐ друго останува надвор од тоа почесно место што може да го зазема само Тој.

Јехова барал исклучителна оддаденост во втората од „Десетте зборови“, односно „Десет заповеди“, што биле напишани со Божјиот прст: „Јас сум Господ, твојот Бог . . . да немаш други богови пред лицето Мое! [или: „никакви други богови за инает на мене“] . . . зашто Јас сум Господ, Бог твој, Бог ревнител [Бог кој бара исклучителна оддаденост, НС]“ (5. Мојсеева 5:6—9). Во 2. Мојсеева 34:14, францускиот превод Drioux Version (1884) вели: „Бог бара да биде сакан на единствен начин“, то ест исклучително, неподелено. Јехова бил и Бог и Цар на Израел, Глава на религијата и на државата. Затоа, ако еден Израелец ги прекршел првата и втората заповед служејќи им на други богови, тоа значело дека му нанесува навреда на величеството, односно предавство, највисок злочин, со што ја заслужува најтешката казна.

Исклучителната оддаденост исто така укажува на односот помеѓу господарот и робот. Јехова како Творец е Сопственик и Господар. Тој е Бог поради фактот дека е Творец; негово право е да ужива исклучителна оддаденост од своите создадени поданици, а тие мораат да ја вршат неговата волја. Штом ќе научи за Јехова и ќе го цени својот однос со Бог, исправно настроеното лице доброволно ќе му биде исклучително оддадено од срце, а тоа е она што го посакува Јехова. Тој мрази чисто формална оддаденост или обожавање (Матеј 15:8, 9). Овој однос и оваа оддаденост по сопствена желба кои Јехова ги посакува, биле илустрирани во Мозаитскиот закон. Еврејскиот роб требало да биде пуштен во седмата година од своето робување. „Но, ако робот одговарајќи, рече: ‚Го сакам господарот мој, жената моја, и децата мои; не сакам да одам и да бидам слободен‘, тогаш таквиот господарот негов нека го доведе пред судот Божји и нека го постави пред вратата или на прагот и таму господарот негов да му го продупчи увото со шило, та да му остане вечен роб“ (2. Мојсеева 21:2, 5, 6). Павле им зборувал на не-Евреите во солунското собрание за доброволната промена што ја направиле во врска со оддаденоста кога станале христијани. Тие престанале да бидат робови на идоли и почнале ‚да Му служат на живиот и вистински Бог‘ (1. Солунјаните 1:9).

Како што е покажано во Филипјаните 2:5—8, и кога бил на небото и кога бил на Земјата, Исус ја ценел исклучителната положба на својот Татко и му служел со исклучителна оддаденост. Исус истакнал дека најважната заповед во Законот барала сесрдна љубов кон Бог (Матеј 22:37). Освен тоа, Исус покажал исклучителна оддаденост спрема Јеховиното име и го нагласил фактот дека неговите ученици треба да го имаат истиот став. Никаде не може да се најде поголем пример за Исусовата исклучителна оддаденост спрема неговиот Татко како во она што е напишано за него во 1. Коринтјаните 15:24—28, каде што стои дека, откако владата на неговото Царство ќе ги собори сите други власти и сите непријатели, тој ќе му го предаде Царството на Таткото и ќе му се потчини Нему „за да биде Бог сѐ во сѐ“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели