Вистината за пеколот
ЕДЕН извештај од комисијата за доктрини при Англиканската црква наведува дека пеколот, впрочем, и не е огнена печка; напротив, тој е едно апстрактно место на ништожност. „Постојат многу причини за оваа промена“ — објаснува извештајот. „А меѓу нив беше и моралниот протест, како од така и вон христијанската вера, против една религија на страв, како и едно сѐ поголемо чувство дека сликата за Бог кој испратил милиони лица во вечно мачење, е толку спротивна на откровението за Божјата љубов во Христа.“
Оваа неугодност во врска со традиционалното гледиште за пеколот не ѝ е својствена само на Англиканската црква. На луѓе од различни вероисповеди им е тешко да обожаваат еден осветољубив Бог кој спалува грешници. „Луѓето сакаат еден Бог кој е срдечен и топол“ — вели Џексон Карол, професор по религија и општество на Duke University’s Divinity School. „Спротивно е на денешната култура да се зборува за грев и вина.“
Јеховините сведоци одамна веруваат дека пеколот, како што учи Библијата, едноставно е општ гроб на умреното човештво — а не место на огнено мачење. Тие го имаат ова гледиште не затоа што е популарно, туку поради она што го вели Библијата: „Мртвите ништо не знаат . . . во гробот [„пеколот“, католички Douay Version], каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“ (Проповедник 9:5, 10).
Со ова јасно разбирање за состојбата на мртвите, Чарлс Тејз Расел, првиот претседател на Watch Tower Society, уште во 1896 година напишал: „[Во Библијата] не наоѓаме ниедно такво место на вечно мачење, како што погрешно поучуваат верувањата и песнарките, како и многу проповедници. Сепак, наоѓаме ‚пекол‘, шеол, хадес, на кој биле осудени сите наши родови поради Адамовиот грев и од кој сите се откупени преку смртта на Нашиот Господ; а тој ‚пекол‘ е гробот — состојбата на смрт“.
Веќе подолго од еден век, Јеховините сведоци на тој начин поучувале за библиската вистина за пеколот.
[Слика на страница 32]
Чарлс Т. Расел