Кој е виновен за војните?
ДАЛИ треба да го обвиниме Бог за војните што ги водело човештвото? „Не, Бог не сака војна.“ Така одговорил на ова прашање Мартин Нимелер, добро познат германски протестантски свештеник, кратко по завршувањето на II светска војна. Неговите коментари беа објавени во 1946 година, во една книга наречена Ach Gott vom Himmel sieh darein — Sechs Predigten (О Боже, погледај од небото — Шест проповеди).a Книгата наведува:
„Оној кој сака да го обвини Бог за [војните], тој не ја познава Божјата Реч или, пак, не сака да ја запознае. Се разбира, поинакво е прашањето дали ние христијаните сносиме или не добар дел од вината за постојаните војни. А од ова прашање не можеме така лесно да побегнеме . . . Со истото право можеме да се присетиме дека, низ вековите, христијанските цркви секогаш одново се оддавале на тоа да благословуваат војни, трупи и оружја, и дека на еден сосема нехристијански начин се молеле за уништување на воените непријатели. Сево ова е наша вина и вина на нашите татковци, но Бог сигурно не е виновен. А ние, денешните христијани, стоиме посрамени пред една таканаречена секта како што се сериозните Истражувачи на Библијата [Јеховините сведоци], кои на стотици и на илјадници отидоа во концентрациони логори, па [дури] и умираа, поради тоа што ја одбиваа воената служба и не сакаа да пукаат во луѓе“.
Денес, 50-тина години после II светска војна, зборовите на Нимелер им даваат материјал за размислување на мирољубивите луѓе. Не, Бог не е виновен за крвопролевањето на нациите! Всушност, преку своите вистински обожаватели, кои не учествуваат во конфликтите на светот, Бог го објавува претстојниот крај на сите војни (Псалм 45:9; Јован 17:16, НС).
[Фуснота]
a Проповедите на Мартин Нимелер подоцна беа издадени на англиски во книгата Of Guilt and Hope (За вината и надежта). Меѓутоа, англиската верзија се разликува од оригиналниот германски текст, па затоа овој цитат е преведен директно од германски.
[Извор на слика на страница 32]
Фотографија на USAF