„Прекрасен подарок од Јехова“
ИЗДАНИЕТО на Стражарска кула од 1 мај 1996 година содржеше една длабокосежна дискусија за христијанската неутралност и за тоа како да ги урамнотежиме нашите одговорности спрема Јехова и спрема „царот“ (Матеј 22:21). Се слушнаа многу изрази на ценење за новата информација што беше дадена. Меѓу нив е и следново писмо, напишано од еден Сведок од Грција и адресирано до Водечкото тело на Јеховините сведоци:
„Сакам да ја изразам мојата најдлабока благодарност до сите вас, драги браќа, што толку добро се грижите за сите нас духовно. Откако поминав околу девет години в затвор поради мојата христијанска вера, навистина ги ценам прекрасните мисли во изданието на Стражарска кула од 1 мај 1996 година (Исаија 2:4). Тоа беше еден прекрасен подарок од Јехова (Јаков 1:17).
Додека се радував на овие статии, се сетив на еден коментар во една поранешна Стражарска кула (1 август 1994 година, страница 14): ‚Очигледно, разумноста е скапоцена особина, особина која нѐ поттикнува уште повеќе да го сакаме Јехова‘. Да, браќа, му благодарам на Јехова што сум дел од неговата организација која е љубезна и полна со љубов, која јасно ја одразува неговата мудрост (Јаков 3:17).
Зголемената светлина во Стражарска кула од 1 мај беше добро примена овде во Грција, особено кај оние кои поминаа повеќе години в затвор или кои сѐ уште се в затвор поради својата вера. Ви благодарам уште еднаш. Нека Јехова ве зајакне со својот дух за да продолжите да нѐ обезбедувате со скапоцена духовна храна во овие мачни времиња“.