Списание кое го трогнува срцето
ШИРУМ светот се издаваат безброј списанија за да го задоволат гладот на читателот по информации или забава.
Што го прави списаниево кое е во твоите раце толку исклучително? Одговор може да даде следното писмо што го доби канцеларијата на подружницата на Watch Tower Society во Германија:
„Многу ви благодарам, драги браќа, за вашиот труд и работа. Кога моите два сина и јас се вративме од состанок, иако беше 21.30 часот, просто морав да ја чујам последната Стражарска кула [на аудиокасета]. Додека ги миев садовите, почнав да ја слушам првата студиска статија (1 април 1995 година). Чувствував дека морам да ја слушнам уште еднаш, па затоа прекинав со мојата работа во кујната и ја читав статијата [„Во Божји очи ти си драгоцен!“] во Стражарската кула истовремено со лентата. Таа го трогна моето срце, особено четвртиот и петтиот пасус. А потоа ми потекоа солзи — но не за долго. Благодарна сум на Јехова што сум жива и што припаѓам на неговиот народ и што можам, заедно со толку многу други, да го објавувам неговото име. Навистина, не постои никаква причина човек да се чувствува безвреден. Јеховиниот дух е со неговиот народ. Сите ние да истраеме и да стоиме цврсто во верата, како еден. Со христијанска наклоност, вашата сестра во верата“.
Стражарска кула дава повеќе од информација. Таа ги трогнува срцата на своите читатели и ја задоволува нивната желба за духовна исхрана и навремено охрабрување. Да, Стражарска кула дава „навреме храна“ (Матеј 24:45).