ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/8 стр. 2-3
  • Посета на Ветената земја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Посета на Ветената земја
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • Рај — за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Практични поуки од Ветената земја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Јехова е Цар
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
  • На Синај тој се погрижил за Израел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/8 стр. 2-3

Посета на Ветената земја

ПРЕТПОСТАВИ си како некој пријател ти рекол дека ти купил — како подарок — ганц нова куќа среде прекрасна, мирна околина. ‚Како изгледа?‘ — би се прашувал. Несомнено, би бил желен самиот да ја погледнеш оваа куќа, да прошеташ низ неа и да ја испиташ секоја соба. Впрочем, тоа е твојот нов дом!

Во 1473 година пр. н. е., Јехова ѝ оставил во наследство на нацијата на древниот Израел еден нов дом — Ветената земја, тенко парче територија што во просек изнесува околу 500 километри од север до југ и широко 55 километри.a Сместена во она што било нарекувано Плодна полумесечина, Ветената земја претставувала едно восхитувачко место за живеење, благословено со свои единствени карактеристики.

Но, зошто би требало ти денес да бидеш заинтересиран за еден „дом“ што му бил даден на некој друг, особено некој кој живеел одамна? Затоа што спознанието за оваа историска земја може да го зголеми твоето ценење за библиските извештаи. „Во земјата на Библијата“ — напишал неодамна починатиот професор Јоханан Ахарони — „географијата и историјата се толку длабоко испреплетени што едното не може вистински да се разбере без помошта на другото.“ Освен тоа, на својот највисок степен, Ветената земја дала пример во мало за тоа што наскоро ќе значи рајот под Божјето Царство за човештвото ширум Земјината топка! (Исаија 11:9).

За време на својата земна служба, Исус Христос ги користел вообичаените глетки во Ветената земја за да даде практични поуки (Матеј 13:24—32; 25:31—46; Лука 13:6—9). И ние можеме многу да научиме на практичен начин ако разгледаме извесни обележја на древна Палестина. Затоа, да прошетаме низ некои нејзини соби, така да се рече, и да испитаме некои особени карактеристики на оваа земја што многу векови служела како дом на Божјиот народ. Како што ќе видиме, од Ветената земја можеме да научиме многу нешто.

[Фуснота]

a Употребата на „Ветена земја“ во овие статии ги посматра работите од перспектива на древните времиња, како што се прикажани во Библијата, и без мешање во современите политички/религиозни претензии во регионот.

[Извор на слика на страница 2]

Насловна страница: Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 3]

Гаро Налбандијан

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели