ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/6 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • Што е Божјето Царство?
    Што навистина учи Библијата?
  • „Господи, научи нѐ да се молиме“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Божјето Царство — подобро во секој поглед
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Божјето Царство владее
    Спознание кое води до вечен живот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/6 стр. 31

Прашања од читателите

Понекогаш слушаме како браќата зборуваат или се молат Божјето Царство да дојде на Земјата. Дали ова е исправен израз?

Строго земено, тоа не е библиски начин за изразување на работите. Божјето Царство е небесно. Затоа, апостол Павле можел да напише: „Господ ќе ме избави од секакво лошо дело и ќе ме запази за Своето небесно царство. Нему слава во веки веков. Амин!“ (2. Тимотеј 4:18; Матеј 13:44; 1. Коринтјаните 15:50).

Царството било воспоставено на небото во 1914 година и никогаш нема да биде префрлено на обновениот земен Рај или на некое друго место. Исус Христос е Цар на Царството. Како Цар, Исус има власт над ангелите. Значи, неговото исправно место на владетелство е на десната страна на Бога на небесата. Помазаните христијани му се придружуваат како цареви и свештеници на небото (Ефесјаните 1:19—21; Откровение 5:9, 10, НС; 20:6, НС).

Тогаш, дали ова значи дека повеќе не треба на Бог да му ги изразуваме молбите што се наоѓаат во делот од Господовата молитва кој гласи: „Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“? (Матеј 6:10). Напротив, таа молитва е исправна и сѐ уште полна со значење.

Божјето Царство допрва ќе дејствува на еден одлучен начин во однос на оваа Земја, и тоа го имаме на ум кога се молиме и кога користиме изрази слични на формулацијата од Господовата молитва. На пример, Даниил 2:44 претскажува дека Царството ќе „дојде“ за да ги уништи сите нации и дека ќе го преземе владетелството над оваа Земја. Откровение 21:2 зборува за Новиот Ерусалим како слегува од небото. Новиот Ерусалим е составен од 144.000 помазани христијани кои ќе бидат Христовата невеста. Тие се исто така придружни наследници со Исус во Царството. Затоа, Откровение 21:2 опишува како тие го свртуваат своето внимание кон Земјата, кое ќе доведе до величествени благослови за верното човештво (Откровение 21:3, 4).

Додека се исполнат овие и други прекрасни пророштва, и понатаму ќе биде исправно да му се молиме на Јехова Бог во склад со Исусовите зборови: „Да дојде царството Твое“. Но, треба да задржиме на ум дека Царството нема да дојде на планетата Земја во дословна смисла. Владата на Царството се наоѓа на небото, а не на Земјата.

[Извор на слика на страница 31]

Земјата: на темел на фотографија на НАСА

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели