ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/11 стр. 20
  • Божици на плодноста и на војната

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божици на плодноста и на војната
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/11 стр. 20

Божици на плодноста и на војната

ВО ТЕКОТ на една археолошка кампања кај Ебла (Сирија), била откриена една реликвија на која е прикажана Иштар, вавилонска божица на плодноста и на војната. Археологот Паоло Матиае ја опишува како „цилиндричен печат со култна сцена, која опишува една свештеничка покриена со превез, пред еден единечен божествен лик . . . чија глава е прицврстена на тенок сталак“.

Откритието е значајно бидејќи ликот датира од почетокот на XVIII век пр. н. е. Според Матиае, тоа дава „уверлив доказ“ дека обожавањето на Иштар се протегало во период од околу 2.000 години.

Обожавањето на Иштар започнало во Вавилон, а во наредните векови се раширило низ Римското Царство. Јехова им заповедал на Израелците да отстранат секаква трага од лажна религија од Ветената земја, но бидејќи тие не го сториле тоа, обожавањето на Ашторет (хананска копија на Иштар) станало замка за нив (5. Мојсеева 7:2, 5; Судии 10:6).

Иако Иштар и нејзиниот пандан Ашторет повеќе не постојат, обележјата коишто тие ги претставувале — неморалност и насилство — се сѐ пораширени. Со право можеме да се прашаме дали современото општество навистина е толку поинакво од тие древни цивилизации кои ги обожавале овие божици на плодноста и на војната.

[Слика на страница 20]

На Танит ѝ биле жртвувани и деца

[Извор на слика]

Ралф Креин/Музеј Бардо

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели