ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/8 стр. 32
  • Олеснување за невините жртви

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Олеснување за невините жртви
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/8 стр. 32

Олеснување за невините жртви

РИТУАЛНО жртвување на деца — едно од најодвратните злосторства што човекот некогаш ги извршил. Некои луѓе не веруваат дека еден таков гнасен обичај воопшто можел да се случи. Но, овој заштитен знак на феникиското обожавање е потврден со бројни археолошки откритија.

Децата од благородничките семејства им биле жртвувани на такви богови како што се боговите Танит и Ваал-Хамон. Во Картагина младите жртви биле спалувани во чест на една бронзена статуа на Крон. Диодор Сикул, историчар од првиот век пр. н. е., вели дека роднините на детето не смееле да плачат. Можеби верувале дека солзите на болка ќе ја намалат вредноста на жртвата.

Едно извесно време, сличен ритуал се практицирал и во близината на Ерусалим, во древниот Тофет. Таму обожавателите играле и чукале на дајриња за да ги задушат извиците на детето додека го фрлале во печката на Молох, која била слична на стомак (Јеремија 7:31).

Јехова многу се гневи на оние кои бездушно ги затнуваат ушите пред болката на другите. (Спореди Изреки 21:13.) Како Бог кој покажува сочувство спрема децата, Јехова сигурно ќе ги вклучи таквите невини жртви во ‚воскресението на праведните и на неправедните‘ (Дела 24:15; 2. Мојсеева 22:22-24).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели