ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/3 стр. 31
  • Јехова ќе ја спаси Земјата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова ќе ја спаси Земјата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/3 стр. 31

Јехова ќе ја спаси Земјата

ЕДЕН аеродром, лоциран на еден од Малдивските острови, е затворен секој ден по неколку часа. Зошто? Поради високиот водостој кој ја преплавува пистата и го прави несигурно слетувањето на авионите. Некои научници се плашат дека во следниот век морското ниво кај Малдивските острови може да порасне за најмалку еден метар. Додека ова изгледа како навидум незначителен износ, еден ваков пораст би можел да избрише од картата седум островски нации. Навистина, според UN Chronicle (Хрониката на ОН), порастот на морското ниво за 2 метра всушност би можел да го потопи целиот архипелаг, некаде околу 1.200 острови!

Која е причината за покачување на морското ниво? Според Програмата за развој на ОН, загадувањето на земјината атмосфера со „плиновите на стаклена бавча“ предизвикува да се шират морињата во потоплите краеви, ледените површини и глечерите да се топат и така се зголемува нивото на морето. Лондонскиот Институт Панос вели дека загадувањето „можеби активирало еден процес на бавно движечка глобална катастрофа која ги менува дури и самите граници на копното и морето“.

Помеѓу научниците сѐ уште се дебатира за глобалното загревање. И покрај тоа, можеме да бидеме сигурни дека проблемите со природната средина нема да го спречат Божјиот наум. „Плодната земја е цврсто утврдена“, вели Библијата. „Никогаш нема да се разниша“ (1. Летописи 16:30, НС). Јехова има контрола над животната средина на Земјата, а ние можеме да се радуваме што тој наскоро ќе ги спаси од уништување, како Земјата така и човештвото (Псалм 23:1, 2; 134:6; 2. Петрово 3:13).

[Извор на слика на страница 31]

Слика темелена на фотографија од НАСА

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели