ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/12 стр. 32
  • Гласови во корист на верувањето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гласови во корист на верувањето
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/12 стр. 32

Гласови во корист на верувањето

ДОДЕКА одминувало минатото столетие, гласови кои ги поддржувале науката, филозофијата и секуларизмот, вршеле штетно влијание врз верувањето во Бог и инспирираноста на Библијата.

Но, тоа не биле единствените гласови. Многу истражувачи увиделе дека има многу што да се каже во корист на верувањето во Бог, а не во корист на атеизмот. Нивните студии, исто така, дале обилни докази дека Библијата е инспирираната Реч Божја.

Еден проминентен глас бил Ч. Т. Расел. Милиони го прочитале неговото дело од 1886 со наслов The Divine Plan of the Ages (Божествениот план на вековите). Едно многу силно поглавје во него носи наслов „Докажано е постоењето на Врховен Интелигентен Творец“.

Во следните децении, Расел напишал статии, трактати и книги кои дале уверливи причини за верување во Бог и во Библијата. Нив ги издало Watch Tower Bible and Tract Society. Вториот претседател на Друштвото, Џ. Ф. Ратерфорд, ја напишал Creation (Создавање, издадена во 1927), и други дела кои и понатаму го засилиле гласот во корист на верувањето.

Друштвото неодамна подготви додатни современи информации на овие теми. Јеховините сведоци можат да ви посредуваат такви информации за да можете внимателно да ги разгледате.

Ако сакате повеќе информации или би сакале да Ве посети некој кој ќе води бесплатна домашна библиска студија со Вас, Ве молиме, пишете на најблиската адреса на страница 2.

[Слики на страница 32]

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели