‚Чудесно сум создаден‘
„КАКО сум дошол на светов?“ Порано или подоцна, ова прашање си го поставуваат повеќето деца. Кога ќе пораснат, нивното прашање честопати станува подлабоко: „Како настанал животот?“ Оваа тема била дискутирана со илјадници години, а денес многу научници сметаат дека еволуцијата е најразумниот одговор на прашањето за потеклото на животот. Општо земено, научниците објаснуваат дека животот се појавил случајно.
Пред околу 3.000 години, царот Давид напишал: „Те прославувам затоа што сум чудесно создаден“ (Псалм 138:14). Колку повеќе учиме за животот толку повеќе ја согледуваме вистинитоста на овие зборови. Точно, физичарот Фред Хојл напишал: „Колку повеќе биохемичарите откриваат за комплексноста на животот која влева стравопочитување, толку повеќе станува јасно дека можностите за случајно потекло на животот се толку незначителни што можат потполно да се отфрлат. Животот не можел да се појави случајно“.
Тогаш, од каде потекнува животот? Двете уводни статии од ова списание го разгледуваат тоа прашање. Ако сакате повеќе информации, Ве молиме, пишете на најблиската адреса на страница 2.