ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/5 стр. 31
  • Добри вести од Малави!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добри вести од Малави!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/5 стр. 31

Добри вести од Малави!

НА 15. НОЕМВРИ 1993 слушнавме дека Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania е службено регистрирано во југоисточната африканска земја Малави. Тоа на Јеховините сведоци ќе им даде законско признание и слобода да ги проповедаат библиските вистини на луѓето во Малави.

Далеку во 1948, во Малави беше поставена подружница на Watch Tower Society за да го координира делото на Јеховините сведоци во таа земја. На 8. јануари 1957, Watch Tower Society (Друштвото Стражарска кула) овде за прв пат беше регистрирано. Повеќе години Јеховините сведоци се радуваа на брзиот раст. Меѓутоа, во 1964 година изби жестоко прогонство. Зошто?

Послушни на Бог, Јеховините сведоци задржале исклучива неутралност во политиката (Јован 17:16). Очигледно, некои не го разбрале точно овој библиски став и погрешно ги претставиле Сведоците како радикална религија и како одметници. Затоа, некои го сметале за исправно прогонството на овие мирољубиви христијани. Многу Сведоци биле отпуштени од работа, претепани и понижувани на други начини. Некои биле присилно одвоени од своите деца.

Во 1972, преку 30.000 Сведоци и некои кои ја проучувале со нив Библијата морале да ја напуштат земјата од страв да не ги загубат животите. Илјадници биле сместени во логори за бегалци во соседниот Мозамбик. Но, во 1975, овие бегалци повторно биле испратени во Малави каде морале да се соочат со понатамошно прогонство. Многу бегалци биле пратени во концентрациони логори. Во екот на сите овие вознемирувања, Watch Tower Society беше избришано од официјалниот список на легални организации во Малави. Оттогаш, Јеховините сведоци и нивните законски организации беа забранети во оваа земја.

И покрај ваквите збиднувања, Сведоците не се одмаздувале. Никогаш не се собрале во маси ниту се бунеле во знак на протест против владата. Наместо тоа, тие во молитва ја зачувале својата христијанска обврска да покажуваат исправна чест и почитување кон владините ‚претпоставени власти‘ (Римјаните 13:1-7; 1. Тимотеј 2:1, 2). Сведоците ги зачувале и високите мерила за христијаните како што се поставени во Библијата и на тој начин дале одличен пример во однесувањето.

Со својата новостекната слобода, Јеховините сведоци во Малави се решени и понатаму да ги проповедаат библиските вистини со итност ‚во едно погодно време‘ (2. Тимотеј 4:2).

[Слика на страница 31]

М.Г. Хеншел со бетелската фамилија во Малави во 1960-те

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели