ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/1 стр. 32
  • Како златни јаболки

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како златни јаболки
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/1 стр. 32

Како златни јаболки

ЈАБОЛКИ — какво уживање за очите и вкусот! Библијата го употребува овој сластен плод како компарација која поттикнува на размислување, велејќи: „Како златни јаболки во сребрени резби е збор кажан во право време“ (Изреки 25:11, НС). Што е мислено со оваа изјава?

„Златни јаболки во сребрени резби“ може да означуваат резбарија, на пример, изгравиран сребрен послужавник со златен плод во него. Бидејќи претходните стихови од ова поглавје споменуваат доаѓање пред цар, овој стих би можел да се однесува на дарови што се дадени на вледетел — златни украси во вид на јаболки ставени на сребрени послужавници (Изреки 25:6, 7). Навистина, импресивно убави!

Слична е убавината на благородните зборови кажани на прав начин и во право време, било да се напишани или изговорени. Тие се пријатни, охрабрувачки и корисни на многу начини. Божествено инспирираната содржина на Библијата е особено убава „како златни јаболки во сребрени резби“.

Како што е опишано со мудрата изрека на цар Соломон во Изреки 25:11, тој „се трудеше да најде убави изреки [зборови, НС] и точно ги запиша зборовите на вистината“ (Проповедник 12:10; Изреки 25:1). Со векови подоцна, христијанскиот апостол Павле напишал: „Целото писмо е од Бога вдахновено и полезно“ (2. Тимотеј 3:16). Да, Библијата содржи корисни совети, пророштва, илустрации и вистини од толкава брилијантност и убавина што далеку ги надминува делата на најдобрите мајстори. Освен тоа, секој кој се здобива со мудрост од Божјата Реч, Библијата, стекнува скапоцен имот и може да ја негува надежта за вечен жвиот (Изреки 4:7-9; Јован 17:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели