ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/11 стр. 11
  • Ревните британски христијани

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ревните британски христијани
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Англиската црква — разделен дом
    Разбудете се! 2002
  • Зошто Јеховините сведоци проповедаат од куќа до куќа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Религијата опаѓа во Британија
    Разбудете се! 1999
  • Сите вистински христијани се евангелизатори
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/11 стр. 11

Ревните британски христијани

Според The Economist, помалку од 10 отсто од 56-те милиони жители на Британија моментално се ревни христијани. Во една типична недела, помалку од четири милиони луѓе присуствуваат на црковните обреди. Од нив само 1,1 милион се англиканци. Сепак, наспроти широко распространетиот агностицизам, Црквата на Англија ја продолжува својата утврдена улога како државна религија. „Британија веќе со години не е христијанско општество, но одбива да му признае на агностицизмот, најмногу поради носталгија“, тврди истиот весник. Не е чудно што современите политичари и весници бараат одвојување на Црквата од државата, прекин на црковно-државната врска.

„Човечко општество кое всушност е световно, а кое лажно се прикажува дека е христијанско, е најлошото од сите општества“, се жалел Волтер Бејгхот, уредникот на The Economist во XIX-от век. Но, сепак, во првиот век од н. е., Исус Христос рекол дека неговите ученици ‚не биле дел од светот, како што и тој не бил дел од светот‘ (Јован 17:6, НС). Навистина, тој ги испратил во светот да го проповедаат Божјето Царство. Исто така, денес, Јеховините сведоци се добро познати ширум светот по ревното проповедање „јавно и од куќа до куќа“ (Дела апостолски 20:20, НС).

Во споредба со англиканците, 126.173-те Сведоци во Британија се мали по број. Но сепак, тие поминале околу 20 часа месечно во присуствување на христијанските состаноци. Понатаму, во текот на 1992, секој Сведок просечно поминал додатни 16 часа месечно, објавувајќи им ја на другите добрата вест за Божјето Царство, владата која наскоро ќе воспостави праведен нов свет (Матеј 24:14; 2. Петрово 3:13). Кога следниот пат Јеховини сведоци ќе го посетат твојот дом, дали ќе ја послушаш нивната особена порака и откриеш што е тоа што ја мотивира нивната ревност?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели