ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/8 стр. 31
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Бог склучува сојуз со Авраам
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Јехова го нарекол свој пријател
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Авраам — пример на љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • „Утврдете ги своите срца“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/8 стр. 31

Се сеќаваш ли?

Дали си забележал дека последните броеви на Стражарска кула биле од практична вредност за тебе? Тогаш, зошто да не го провериш своето сеќавање преку следниве прашања:

▫ Што треба да сториме ако во умот неповикано ни дојдат неморални мисли?

Потребно е да ја смениме темата со помош на своите умствени сили. Да отидеме на прошетка, да прочитаме нешто, да извршуваме некои куќни работи. Молитвата е особено моќно средство во овој поглед (Псалми 61:8; 15. 4., стр. 17).

▫ Зошто младите треба да бидат внимателни што се однесува до видот на музика кој го слушаат?

Музиката поседува сила да поттикне, да занесе и да влијае. Со оглед на тоа што многу популарни музички дела имаат изненадувачки број на сексуални алузии и прикриени осврнувања на неморал, лесно може да се заклучи дека мора да се биде посебно внимателен при изборот на плочи, касети и дискови (15. 4., стр. 20-21).

▫ Што е мислено со изразот „присутноста на нашиот Господ Исус Христос“? (1. Солунјаните 5:23).

Овој израз се однесува на невидливата царска присутност на Господ Исус Христос како Цар од 1914, после неговото устоличување на небото (Псалми 109:1, 2; 1. 5., стр. 11).

▫ За која цел служело Јеховиното чистење на неговиот духовен храм? (Малахија 3:1-4).

Јехова сакал неговиот храм да биде во чиста состојба, така што кога таму ќе бидат донесени голем број обожаватели со земска надеж, да најдат место каде што се почитува неговата универзална сувереност, каде што се свети неговото божествено име и каде што се слушаат неговите праведни закони (1. 5., стр. 16).

▫ Што е „имотот“ кој Исус Христос му го дал на својот наименуван роб? (Матеј 24:45-47).

Овој „имот“ се однесува на сите духовни работи на Земјата кои станале Христов имот во врска со неговата власт како небесен Цар. Тоа го вклучувало налогот да прават Христови ученици од луѓе од сите народи (Матеј 28:19, 20; 1. 5., стр. 17).

▫ На кој начин христијанските старешини покажуваат ‚драговолност‘ во пастирењето според Петровиот совет во 1. Петрово 5:2?

Христијанскиот старешина кој се грижи за овците го прави тоа драговолно, од своја слободна волја, под водството на Добриот Пастир, Исус Христос. Да се служи драговолно исто така значи дека христијанскиот пастир се подложува на авторитетот на Јехова и покажува почитување спрема теократското уредување (15. 5., стр. 20).

▫ Што мислел Исус кога рекол дека секој кој него го следи мора „да се одрече од себеси“? (Матеј 16:24).

Да ‚се одречеш од себеси‘ значи правото на поседување на себеси да му го препуштиш на Јехова (1. Коринтјаните 6:19, 20). Тоа значи дека не живее за да си угоди себеси, туку на Бог (Римјаните 14:8; 1. 6., стр. 9).

▫ Што е потребно некој да биде среќен?

Уживање на добар однос со Јехова и да се биде вработен во неговата служба донесува вистинска среќа во животот на некое лице (1. 6., стр. 22).

▫ Зошто Јехова му дозволил на Авраам толкава слобода на говор да зборува за Неговата намера да го уништи Содом? (1. Мојсеева 18:22-32).

Една причина била што Авраам бил Божји пријател (Јаков 2:23). Понатаму, Јехова бил свесен за Авраамовите чувства на загриженост. Тој знаел дека Авраамовиот внук Лот живее во Содом, и Авраам бил многу загрижен за неговата безбедност. Од тие причини, Јехова бил спремен да му одговори на Авраам на неговите прашања во врска со Неговата намера да го уништи Содом (15. 6., стр. 16).

▫ Дали протестантската реформација од 16. век значела враќање кон вистинското христијанство?

Не! Наместо да се врати на вистинското христијанство, реформацијата произвела куп национални, односно територијални цркви кои им се додворувале на политичките држави и активно ги поддржувале во нивните војни (1. 7., стр. 10-11).

▫ Што се „богатства на небото“ за кои зборувал Исус во Матеј 6:20?

Тоа е богатство кое никогаш не исчезнува, вклучува добро име пред Јехова и запис за верна христијанска служба. Тоа се некои од работите кои Јехова никогаш не ги заборава (Евреите 6:10; 1. 7., стр. 32).

▫ Кои особини Петар ги споменал како животоважни елементи за нашата вера? (2. Петрово 1:5-7).

Петар рекол дека добродетелта, спознанието, самосовладувањето, истрајноста, оддаденоста на Бог, братската наклоност и љубовта ќе ја надополнат нашата вера (15. 7., стр. 13).

▫ Кое предупредување за Божјите слуги е содржано во извештајот за Давидовиот грев со Вирсавија? (2. Царства 11:2-4).

Иако бил слободен да ужива во својот брак, Давид допуштил недозволената сексуална желба да расте. Кога забележал колку е привлечна Уриината жена, ги пуштил своите мисли — и дела — на волја да има недозволено задоволство со неа. Истото може да му се случи на секој Божји слуга ако не го одбие овој облик на алчност (Јаков 1:14, 15; 1. 8., стр. 14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели