ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/2 стр. 32
  • Ранобудник

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ранобудник
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/2 стр. 32

Ранобудник

МЕЃУ овошните дрвја во медитеранското подрачје, бадемовото дрво е едно од највпачетливите. При крајот на јануари или во февруари — доста порано од повеќето други дрвја — се буди од зимски сон. А какво будење е тоа! Целото дрво е обвиено со наметка од нежни розови или бели цветови, а белите на некој начин потсетуваат на седата коса кај старите. (Спореди Проповедник 12:5.)

Старите Евреи бадемовото дрво го нарекувале „дрво кое се буди“, мислејќи при тоа на неговото рано цветање. Оваа карактеристика Јехова ја употребил за да илустрира една важна порака. На почетокот од неговата служба, на Јеремија му била покажана визија на бадемова гранка. Што значело тоа? Јехова објаснил: „Јас бдеам над Моето слово, за да се изврши тоа скоро“ (Јеремија 1:12).

Токму како што бадемовото дрво ‚се буди‘ рано, така Јехова симболично „од рано утро“ ги испраќал своите пророци за да го предупредат неговиот народ пред последиците од непослушноста (Јеремија 7:25). А тој нема да заспие — ќе ‚бдее‘ — сѐ додека пророчката реч не се изврши. Така во 607 пр. н. е., во одреденото време, Јеховината осуда дошла над отпадничката нација на Јуда.

Божјата Реч пророкува дека слично судење ќе настапи над злиот систем во кој живееме (Псалми 36:9, 10; 2. Петрово 3:10-13). Осврнувајќи се на таквиот судски чин, пророкот Авакум нѐ уверува: „Зашто видението се однесува до определеното време . . . чекај го, оти ќе наиде и нема да забави“ (Авакум 2:3). Прекрасниот бадемов цвет нѐ потсетува дека Јехова ќе бдее поради својата реч за таа да се изврши.

[Извор на слика на страница 32]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели