ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/11 стр. 32
  • Таа ја освоила наградата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Таа ја освоила наградата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/11 стр. 32

Таа ја освоила наградата

„ВАМ ви го должам сето тоа“ — напишала Кијое, матурантка од Јапонија, во своето писмо до подружницата на Друштвото Стражарска кула. Поради што е толку благодарна? Кијое неодамна ја добила првата награда на еден меѓународен натпревар во пишување состави, спонзориран од Јапонското здружение за безбедност во сообраќајот. Вредната награда вклучувала патување до Шведска.

Кијое напишала за да го изрази своето ценење за многуте добри публикации што ги издава Библиското и трактатно друштво Стражарска кула, за кои таа сметала дека тие најмногу ѝ помогнале во успехот. Освен овој состав, таа го претставувала нејзиното училиште во многу реферати и на натпревари во пишување состави. „Во повеќето од овие натпревари — вели таа — дадена е една тема, а учениците истражуваат за своите состави по библиотеките. Но, јас не морам да се тормозам со тоа. Наоѓам прекрасен материјал дома на полицата за книги!“ И додава: „Сеедно каква е темата, било проблеми со стареењето, околината, меѓународните односи или самоподобрувањето, секогаш постои некоја длабока дискусија во списанијата Стражарска кула или Разбудете се!“.

Меѓутоа, на Кијое не ѝ помогнале само тие публикации. Таа вели дека школувањето што го добила преку образовната програма на Јеховините сведоци ѝ помогнало да го подобри своето читање и пишување, а тоа ѝ овозможило да се истакне во составите. „Едно време навистина сакав да стекнам факултетско образование“ — признава таа. „Но каде би можела да добијам обука како оваа?“ Сега таа се надева да работи полновремено и да им помогне на другите да извлечат корист од школувањето што таа го добила. Иако е восхитена од наградата за составот, срцето на Кијое е свртено кон добивањето на наградата на животот. (Спореди Филипјаните 3:14.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели