ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/7 стр. 24-25
  • Гераса — овде се сретнале Евреи и Грци

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гераса — овде се сретнале Евреи и Грци
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Дојди и прошетај крај Галилејското море
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Галад — регион за храбри луѓе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Исус во „еврејската земја“
    Запознај ја ,добрата земја‘
  • Првите христијани и грчката култура
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/7 стр. 24-25

Сцени од Ветената земја

Гераса — овде се сретнале Евреи и Грци

АПОСТОЛОТ Павле напишал дека меѓу Авраамовото вистинско семе „нема ниту Евреин ниту Грк“ (Галатјаните 3:26-29, NW). Да, националното потекло или култура не биле важни кога било во прашање Божјето прифаќање.

Овие зборови можеби се чинат прикладни за христијаните кои биле распрскани по римските провинции, како што била Галатија, каде имало мешаница од Евреи, Грци, Римјани и месни жители. Но, што е со деловите од самиот Израел, како што е Галад?

Тој регион е источно од Јордан, помеѓу Солено (Мртво) Море и Галилејско Море. Некаде на средината од оваа плодна висорамнина, во Јордан се спушта реката Јабок. Горната фотографија покажува дел од импресивните урнатини на Гераса, сега наречена Јераш, која лежи во близината на горниот тек на Јабок.

Низ Галад минувал еден древен североисточен трговски пат наречен „царски пат“. По напуштањето на Харан, Јаков и неговото семејство очигледно отпатувале удолу по овој пат кон Јабок. Во близина на местото кадешто требало да биде изградена Гераса, се борел со еден ангел и се сретнал со Езав (1. Мојсеева 31:17-25, 45-47; 32:22-30; 33:1-17). Подоцна, Израелците од југ отишле кон царскиот пат кога се упатиле кон Ветената земја. Две и пол племиња се населиле северно и јужно од Јабок покрај трговскиот пат (4. Мојсеева 20:17; 5. Мојсеева 2:26, 27).

Дали имало Грци во ова подрачје, и ако да, како дошло до тоа? Да, тоа било кога Александар Велики го освоил регионот. Според преданието, тој ја основал Гераса за ветераните од својата војска. Постепено, грчкото влијание добро се зацврстило. Десет градови-колонии источно од Јордан и Галилејското Море формирале конфедерација позната како Декаполис (Десетградие). Можеби си го забележал тоа име во Библијата која известува дека „по Него [Исус] одеше многу народ од Галилеја и од Десеттоградието, од Ерусалим и од Јудеја, отаде Јордан“. Гераса била еден од градовите на Декаполис (Матеј 4:25).

‚Дел од планот на Александар Велики бил да ги насели грчките луѓе во сите делови од империјата. Особено долна Сирија [вклучувајќи го и Декаполис] како еден од стратешките центри, добила големо елинско население. До денешен ден ниеден дел од источниот свет не може да покаже толку многу и толку извонредни грчки урнатини како земјата источно од Јордан. Површно, грчките градови покажуваат потполно основање на грчки институции и обичаи: величествени храмови на грчките богови и божици, гимназии, јавни бањи, годишни свечени игри и многу други филозофски школи и академии‘ (Hellenism, од Норман Бентвич).

Ако ги посетиш урнатините на Гераса, ќе најдеш обилни докази за тоа. Близу јужниот влез постои кружен форум или јавно пазариште, кое се гледа на фотографијата. Веројатно ќе бидеш зачуден од бањите, храмовите, театрите и јавните згради, од кои повеќето се поврзани со поплочени улици на чии рабови се поставени столбови. Вон градот покрај древниот пат кој ја поврзува Гераса со другите декаполиски градови и со медитеранските пристаништа, можеш да видиш камења што покажуваат милји, или ориентири.

Дури и по преземањето на Гераса од страна на Рим во 63 п. н. е., елинските карактеристики останале. Можеш да си замислиш како овие карактеристики можеле да влијаат на Евреите кои живееле во Гераса и во тој регион. Книгата Hellenism забележува: „Постепено но сигурно, Евреите почнале да ги примаат религиозните идеи на луѓето околу нив и на Писмото да гледаат под влијанието на овие идеи“.

Иако Исус можеби не проповедал во градот, тој влегол во подрачјето на Гераса која можеби се протегала до Галилејското Море. Тој истерал демони од еден човек во тоа подрачје и им дозволил да влезат во свињи (Марко 5:1-17). Веројатно неговите први ученици им проповедале на Евреите во градовите на Декаполис, а по 36 н. е., добрата вест можела да се споделува со Грците во Гераса. Без оглед дали оној кој го прифаќал христијанството, бил строг обичавател на јудаизмот, елинизиран Евреин, или Грк, можел да биде прифатен од вистинскиот Бог како дел од духовното Авраамово семе.

[Карта на страница 24]

(Види во публикацијата)

Дион

Гераса (Јараш)

Филаделфија (Рабах)

Царски пат

Солено Море

Ерусалим

Јордан

Јабок

Пела

Скитопол (Бет–Шеан)

Гадара

Галилејско Море

[Извор на слика]

На темел на мапа зашт. со автор. права кај Pictorial Archive (Near Eastern History) Est. and Survey of Israel.

[Слика на страница 24]

Групната фотографија ја има во голем формат во Календарот на Јеховини сведоци 1992.

[Извор на слика]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 25]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели