ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/2 стр. 29
  • Божјето име вратено

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјето име вратено
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/2 стр. 29

Божјето име вратено

„ТРЕБАШЕ да поминат скоро 60 години додека името на Бог ‚ЈХВХ‘, кој е Бог не само на Евреите туку и на целото христијанство, да биде вратено таму кадешто сликарот првобитно го ставил.“ Така германскот весник Schwarzwälder Bote (Шварцвалдски гласник) го прокоментира враќањето на Божјето име на фасадата од градската сала во Хорб, јужна Германија. Но зошто името било отстрането?

Весникот известува дека надворешната страна на градската сала била орнаментално насликана со сликовити сцени кои ја украсувале фасадата. Бил вклучен и Тетраграматонот, четирите хебрејски букви, со кои се изговара името на Бог.

„Ова име, кое во Библијата се јавува преку 6 000 пати“, продолжува весникот, „на германски е ‚Јехова‘ или слично. Точниот изговор е нејасен затоа што пишаниот хебрејски се состоел само од согласки. Самогласките ги додавал самиот читател.“

Меѓутоа, во 1934 година претставници на нацистичката партија одлучиле дека Тетраграматонот „не бил согласен со важечката идеологија“ и затоа требало да биде пребојадисан. За среќа, Тетраграматонот сега е вратен. Весникот коментира: „Денес фасадата [на градската сала], украсена со историски сцени, грбови и портрети, претставува знаменитост број еден во Хорб“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели